Не е Македонија, Холивуд е – ѓубре од шишиња и пуканки оставени низ салата по Оскарите (фото)
- Детали
- вторник, 17 март 2026
„Толку ли е тешко да се фрли ѓубрето кога си одиш?“ – пишуваат во коментари. Ако мислевте дека само во Македонија може да се доживее некултура и ѓубре, се лажете – вирално се шири фотографија од театарот во Лос Анџелес по одржувањето на Оскарите, каде под седиштата е расфрлано ѓубре од шишиња за вода и пуканки.

На социјалните мрежи вирално се шири фотографија од Долби театарот во Лос Анџелес каде во неделата се одржаa Оскарите.
Фотографијата ја сподели сопственик на вебсајтот и подкастот „Next Best Picture“ и напиша: „Чистете го подот меѓу редовите СИТЕ!“.
На фотографијата може да се забележи дека во горните редови, насекаде се расфрлани шишиња со вода и кутии од пуканки и храна.

Очигледно дури и богатите и престижните гости на вакви настани, си ја оставаат културата дома и забораваат да го фрлат ѓубрето што го оставаат зад себе.
Дел од коментарите:
„Богатите луѓе си го оставаат ѓубрето за сиромашните, како секогаш“.
„Колку е тешко да не го оставиш ѓубрето на подот?“
„Зарем нема канта?“

Додека голем дел критикуваат, има и такви кои образложуваат дека во горните редови не седат познатите, туку таму ги сместуваат семејствата, пријателите и поканетите гости.
Сепак, ниту тоа не е оправдување, па друг коментар гласи:
„Не ми е гајле кој седи на овие седишта, чистете си зад себе. Ако го правите тоа дома, зошто не и во јавност?“

Прочитајте и Забавни и непријатни моменти од Оскари 2026 + најсмешните твитови за настанот
М. М. | Црнобело