Бесмислен тренд: Инстаграмџии го злоупотребуваат #коронавирус за повеќе лајкови

Во последниов период, сите се загрижени за брзото ширење на коронавирусот, а Инстаграмџиите не пропуштија шанса да го искористат ова за да си соберат лајкови.

besmislen-trend-dodeka-lugje-se-borat-za-zhivot-od-koronavirus-instagramdjii-si-sobiraat-lajkovi-01.jpg

Голем број заболени од коронавирус ги загубија животите, други пак, се борат за живот, а трети, ги жртвуваат своите за да им помогнат на заболените. 

Но, постојат и многу несовесни луѓе кои одлучуваат да ја искористат оваа чувствителна и сериозна тема за свои, односно за Инстаграм цели.

Иако дел од нив навистина сакаат да ја покажат загриженостa и да им посочат на луѓето да бидат внимателни, сепак објавувањето кул фотки со маска и ставање неколку хаштагови не е начин. 

Разголени фотки со маски и добро осмислени пози на убави места со маска на лице – сигурно ли само сакаат да упатат апел или сепак само сакаат да соберат повеќе лајкови?

Некои пак, дури се способни и да направат невкусни шеги на сметка на вирусот, само за да стекнат популарност, на бизарен начин.

А, постојат и такви кои ставаат фотки неповрзани со вирусот, но го користат хаштагот #coronavirus за нивната фотка да биде прикажана на што повеќе корисници.

Очигледно некои луѓе никогаш нема да ги сфатат работите сериозно и сè ќе гледаат низ призмата на Инстаграм - за лајкови и за невкусни шеги... 

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Абортирала поради него, ја терал да спие со Ерос Рамацоти за да направи еротски фотки - Бурната љубо... Поранешниот сопруг, познат и како „крал на папараците“ во Италија, продавал нејз...
Хари и Меган зад кралските завеси – таа храбро објави невидени кадри од свадбата, страсни бакнежи и ... За 8-та годишнина, Меган и Хари не се кријат, напротив, таа храбро објави невиде...
Меланија Трамп „мрзне“ во балетанки, Кејт Мидлтон во чизми – двете дами сами на дружба: „Посреќна е ... „Меланија изгледа многу посреќно тука, треба да си остане кај нив“ – пишуваат во...
„Лажев дека сум болна од рак – не беше за лајкови и популарност, но сега имам милиони следбеници“ Инфлуенсерка од Англија со над 3 милиони следбеници на ТикТок се соочува со oстр...
Бизарен тренд во Кина: Возрасни користат бебешки цуцли за да се справат со стресот, лекари апелираат... Покрај вообичаените активности за справување со стресот како вежбање јога и прош...
Млад јутјубер (22) загина во Индија додека снимаше видео во брза река: Зошто младите одат до екстрем... По трагичната смрт на 22-годишен јутјубер од Индија, повторно се отвора дебатата...

Најчитани неделава