Oткажана и Евровизија 2020, што ќе се случува со песните и изведувачите?

И официјално, стигна потврдата дека се откажува изборот за песна на Евровизија за 2020-та година во Ротердам. Деновиве се откажаа бројни настани низ целиот свет, но за Евровизија немаше никаква информација. 

oficijalno-otkazana-i-evrovizija-2020-sto-ke-se-slucuva-so-pesnite-i-izveduvacite-01.jpg

Денес, на официјалната страна на Евровизија, осамна соопштение со одлука дека оваа година, натпреварот за песна на Евровизија, за жал, нема да се одржи. 

„Во текот на изминативе неколку недели баравме алтернативни опции за одржување на Евровизија. Сепак, неизвесноста која ја носи ширењето на COVID-19 низ цела Европа доведе до одлуката на Европската унија за радиодифузија (ЕБУ) дека настанот е невозможно да се одржи во живо. 

Горди сме што Евровизија без прекин досега се одржува изминативе 64 години и навистина ни е жал што годинава ќе мора да ја прекинеме традицијата. 

Ќе ги продолжиме преговорите за хостирање на Евровизија во Ротердам во 2021 година. Би ве замолиле да имате трпение и разбирање за време на оваа одлука и трпеливо да ги почекате сите други вести и одлуки кои ќе се донесат деновиве".

Дали истите изведувачи ќе можат да настапат и следната година и каква ќе биде организацијата, останува да се донесат одлуки во текот на следниве денови.

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во љубов е со милионер една глава понизок од неа - Зошто врската на манекенката Викторија Силвстед ј... Актерката, модел, пејачка и поранешна Плејбој зајачица, Викторија Силвстед (51),...
„Продадовме сè за да патуваме низ светот и се вративме дома за 6 месеци – реалноста е поразлична од ... „Седиме на убава плажа, но јас морам да се вклучам на состанок. Одиме на кафе во...
Драматична случка во циркуз во Русија: Тигар излезе од мрежа и прошета низ публиката (видео) „Останете мирни или ќе ја влошите ситуацијата“ - се вели во виралните видеа од р...
Трагедија во Хонгконг: Изгоре огромен станбен комплекс – 55 загинати, над 200 исчезнати (фото+видео) Во Хонгконг, во станбен комплекс со околу 4.600 жители изби пожар кој брзо се пр...
Убави вести од 2025-та кои поминаа незабележано: Во Хелсинки немало ниту една жртва во сообраќајка Озонската дупка „се затвора“ многу побрзо од прогнозите на експертите, а во пери...
Драматично спасување: Маж поминал 6 часа заглавен во тесна пештера, развил хипотермија, се подготвув... Пред десетина дена, во пештера во државата Њујорк, маж се заглавил додека минува...

Најчитани неделава