Драматична случка во циркуз во Русија: Тигар излезе од мрежа и прошета низ публиката (видео)

„Останете мирни или ќе ја влошите ситуацијата“ - се вели во виралните видеа од руски циркуз, каде се гледа како тигар ја напушта заштитната мрежа од рингот и тргнува да шета низ публика, додека дел од нив паничат, а други ги слушаат упатствата. 

dramatichna-sluchka-vo-cirkuz-vo-rusija-tigar-izleze-od-mrezha-i-prosheta-niz-publikata-video-01.jpg

Во рускиот град Ростов на Дон се случи непријатен настан за време на циркуски перформанс со тигри.

На социјалните мрежи и во медиумите вирално се шири видео направено од публика, на кое се гледа како тигар излегува од заштитната мрежа на рингот и тргнува кон публиката.

dramatichna-sluchka-vo-cirkuz-vo-rusija-tigar-izleze-od-mrezha-i-prosheta-niz-publikata-video-02.jpg

Додека тигарот се движи низ редовите со седишта, некои семејства со деца веднаш стануваат и заминуваат, а други ги следат упатствата да не паничат, додека еден од тренерите се обидува полека да го фати тигарот и да го изнесе.

„Драги посетители, ве молиме останете мирни или ќе ја влошите ситуацијата“ – се слуша на видеото, како што пренесува The Moscow Times.

dramatichna-sluchka-vo-cirkuz-vo-rusija-tigar-izleze-od-mrezha-i-prosheta-niz-publikata-video-023.jpg

Тренерите очигледно успешно го изнеле тигарот, а изјавиле дека немало никакви повреди ниту кон посетителите, ниту кон животното.

Надлежните служби во Русија започнале криминална истрага за случајот.

Погледнете ги видеата:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ги отпишавме децата од училиште за да патуваме низ светот – нè критикуваат, но овој начин на живот ... Пар од САД одлучил да го прекине формалното образование на своите деца за време ...
Тинејџер од Русија си ја пиел крвта и завршил во болница - сакал да си ја лекува анемијата, „советот... 17-годишно момче од Русија пробало да си ја лекува анемија пиејќи ја својата крв...
„Продадовме сè за да патуваме низ светот и се вративме дома за 6 месеци – реалноста е поразлична од ... „Седиме на убава плажа, но јас морам да се вклучам на состанок. Одиме на кафе во...
Во љубов е со милионер една глава понизок од неа - Зошто врската на манекенката Викторија Силвстед ј... Актерката, модел, пејачка и поранешна Плејбој зајачица, Викторија Силвстед (51),...
Си го сменила презимето и побегнала во Париз: Која е тајната ќерка на Владимир Путин? Владимир Путин нема потврдено, но не ни негирал дека има 22-годишна ќерка која ј...
Бизарен случај со „опседнатата“ кукла Анабел: Маж (54) кој ја носел на турнеја починал – јавноста мо... „Анабел е единственото натприродно нешто што ме плаши“ – гласи еден од коментари...

Најчитани неделава