Британски професор објаснува: колку луѓе може да зарази едно заболено лице со корона?

Британскиот професор и специјалист на интензивна нега Хју Монтгомери ја објаснува разликата помеѓу обичниот грип и COVID-19 кои неретко се поврзуваат, а суштинската разлика е во пренесувањето, односно ширењето на вирусот.

Kolku-lugje-moze-da-zarazi-edno-zaboleno-lice-so-korona-01.jpg

Монтгомери во интервју за „Channel 4 Dispatche“ потврдил дека COVID-19 се пренесува многу побрзо од сезонскиот грип. Во продолжение статистика:

„Доколку имате обичен грип, во просек ќе го пренесете на 1,3-1,4 луѓе. Ако потоа тие заболени луѓе го пренесат на истиот број на луѓе, во моментот кога пренесувањето на грипот ќе се повтори 10 пати, вие би биле одговорни за заболување на 14 случаи. Но, корона вирусот е многу заразен и секој заболен може да го пренесе на тројца луѓе. Тоа не изгледа како голема разлика, но доколку секој од овие 3 луѓе го пренесе на уште 3 и така се повтори 10 пати, вие тогаш ќе бидете одговорни за инфицирање на 59.000 луѓе.“

Монтгомери исто така истакнува дека луѓето со благи симптоми на корона можат да заразат други луѓе, но само во ретки случаи се случуваат сериозни компликации (околу 10-тиот ден од инкубацијата) – хоспитализација и третман на интензивна нега.

Британскиот професор, исто така, потенцира дека најголемиот проблем со најтешките пациенти е потенцијалниот недостиг на респиратори, доктори и медицински сестри.

„Нема да ве лажам, ќе биде сериозно. Ќе биде страшно за голем број на луѓе, но мал број на луѓе навистина ќе бидат сериозно болни и на мал број ќе им треба интензивна нега, а ние можеме да спасиме многу од тие животи, но ве молам не заборавајте, најдобрата шанса што можеме да им ја дадеме на луѓето што се разболуваат е да имаме доволно кревети, доволно персонал и доволно опрема, да бидеме тука за вас“.

Професорот на крајот порачува дека не треба да бидеме неодговорни и да не забораваме дека би можеле да го доведеме не само сопственото здравје во опасност, туку и на другите околу нас.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 луѓе со кои не сакаме да делиме ист воздух (а ги има многу и во Македонија) Дали сте биле сведок на сцена во Скопје каде тркалото од велосипедот останало за...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Абортирала поради него, ја терал да спие со Ерос Рамацоти за да направи еротски фотки - Бурната љубо... Поранешниот сопруг, познат и како „крал на папараците“ во Италија, продавал нејз...
„Луѓе ми плаќаат 5.000€ да се појавам на нивниот погреб за да откријам мрачни тајни или да пренесам ... „Во името на една старица пред ужалените кажав дека таа не му е мајка на нејзини...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Нема лек или вакцина, се пренесува од лилјаци: Што знаеме за смртоносниот вирус Nipah кој се појави ... Во Индија се забележани неколку случаи на зараза со вирусот Nipah, кој има особе...

Најчитани неделава