Мисица, паузира со модата, за да работи како доктор при пандемијата на корона (фото)
- Детали
- среда, 08 април 2020
Баша докажува дека мисиците не се само површни девојки со убаво лице, таа се вклучува во првите борбени редови во битката со короната.
Баша Мукерје во 2019-та година ја доби титулата Мис на Англија, но сега таа одлучи да ја тргне круната на страна и да паузира со кариерата во светот на модата, а да се врати на работата како доктор за да им помогне на луѓето во време на пандемијата на корона.
Кога ја доби титулата во 2019-та, 24-годишната убавица, која беше специјализант во респираторна медицина, направи пауза во градењето на медицинска кариера, но сега се враќа да работи во болница.
Инаку, и кога беше прогласена за Мис, убавата Индијка се занимаваше со хуманитарна работа патувајќи низ светот.
„Периодов сите ги слават медицинските лица, па и јас посакав да бидам дел од нив, зарем има подобро време за да се вклучам во овој сектор? Знам дека можам да помогнам. Сакам да помогнам“, изјави Баша.