„Страница која чека да биде испишана“ - Vogue Italia за првпат во историјата со празна насловна

Белата боја не е предавање, туку бела страница која чека да биде испишана, насловна страница за нова приказна која тек ќе започне – Vogue Italia за првпат во историјата со празна насловна во чест на моменталната состојба.

stranica-koja-cheka-da-bide-ispishana-vogue-italia-za-prvpat-vo-istorijata-so-prazna-naslovna-01.jpg

Состојбата со корона вирусот најмногу ја погоди Италија од сите европски земји, а тие уште се справуваат тешко со тоа, но Италијанците не го губат духот и храбро се борат до крај поддржувајќи се едни со други.

Во вторникот, на Инстаграм профилот на Vogue Italia, беше објавено дека априлското издание ќе има целосно бела насловна страница, за првпат во историјата, а со тоа сакаат да симболизираат почит, одново раѓање и бела страница која чека да биде испишана кога земјата ќе се опорави.

Во описот на фотографијата стои објава на главниот уредник на Vogue Italia, Емануел Фарнети:

„Во својата долга историја која се протега преку сто години, Vogue се соочи со војни, кризи и терористички акти.

Пред помалку од две недели, сакавме да го испринтаме изданието кое го планиравме веќе некој период, вклучувајќи го и L’UOMO Vogue во заеднички проект. Но, да зборуваме за било што друго – додека луѓе умираат, докторите и медицинските сестри си ги ризикуваат животите и светот се менува засекогаш – тоа едноставно не е во ДНК-то на Vogue Italia.

Соодветно на тоа, го запревме нашиот проект и почнавме од почеток. Одлуката да испринтаме комплетно бела насловна страница за првпат во нашата историја, не е затоа што нема доволно фотогравии – напротив. Се одлучивме за тоа бидејќи белата означува многу работи истовремено.

Белата пред сѐ е за почит, белата е за одново раѓање - светлина по темнината, белата е боја на униформите кои ги носат оние кои си го ставаат животот во првите борбени редови за да ги спасат нашите.
Белата претставува простор и време за размислување, како и за да се остане тивок.
Белата е за оние кои го исполнуваат ова празно време и простор со идеи, мисли, приказни, стихови, музика и грижа за други.

И најважно – белата не е предавање, туку празна страница која чека да биде испишана, насловна страница на нова приказна која туку што ќе почне.“

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Застрашувачка сцена: Огромна лавина се движи кон скијачи во ски-центар во Италија (видео) На драматична снимка се гледа како се формира снежна лавина во ски центар во Ита...
„Се разведов по 30 години, ги оставив децата и се преселив на другиот крај од светот – првпат се чув... Штом нејзините деца завршиле средно, Синди од САД сфатила дека е уморна од својо...
Ги викаа „најубавиот италијански пар“ - По разводот тој откри дека покажувале лажна среќа на Инстагр... Раперот признава дека чувствува гадење кон својот минат живот, кога играл улога ...
„Продадовме сè за да патуваме низ светот и се вративме дома за 6 месеци – реалноста е поразлична од ... „Седиме на убава плажа, но јас морам да се вклучам на состанок. Одиме на кафе во...
Цели градови под вода на Јамајка, по една од најсилните бури во историјата – ураганот Мелиса (фото+в... Ураганот Мелиса ја погоди Јамајка со пороен дожд и ветар со брзина од над 290 ки...
Меланија Трамп „мрзне“ во балетанки, Кејт Мидлтон во чизми – двете дами сами на дружба: „Посреќна е ... „Меланија изгледа многу посреќно тука, треба да си остане кај нив“ – пишуваат во...

Најчитани неделава