Како ќе знаеме дали хотелот е „чист“ после пандемијата на корона вирусот?

Иако поголем дел од светот е сѐ уште во карантин заради корона вирусот, хотелскиот менаџмент е во подготовка за враќање на работа.

kako-ke-znaeme-dali-hotelot-e-cist-posle-pandemijata-na-korona-virusot-01.jpg

Еден од најголемите предизвици ќе биде да се врати довербата на гостите со тоа што ќе гарантираат дека нивните сместувачки капацитети се сигурни и чисти за користење.

Пред пандемијата сигурно не ви паднало на памет кој сè спиел во собата пред вас, кој го допирал далечинскиот управувач од телевизорот, климата и дали се дезинфицирани соодветно, сте верувале дека е доволно исчистено. Но, сега сме сигурни дека сето ова ќе изгледа поинаку.

Сингапурската туристичка канцеларија воведе инцијативата наречена SG Clean која  вклучува 7 критериуми за безбедност и чистота, а кои ќе треба да ги исполнуваат сите хотели за да добијат сертификат за работа.

kako-ke-znaeme-dali-hotelot-e-cist-posle-pandemijata-na-korona-virusot-03.jpg

Само оние хотели кои ќе се придржуваат до строгите правила за хигиена и сигурносни протоколи, ќе добијат зелено светло од SG Clean.

Малезија, исто така, почна да имплементира слична програма наречена Clean&Safe Malаysia, а која вклучува посебен надзор за хигиената во хотелите. Надзорот го прават трети лица кои немаат никаква поврзаност со хотелите и вработените.

kako-ke-znaeme-dali-hotelot-e-cist-posle-pandemijata-na-korona-virusot-02.jpg

Туристичките експерти се согласуваат дека ќе бидат потребни големи промени во хотелиерството.

Превенцијата на заразата ќе мора да се прави уште при влегување во хотелите каде е пожелно да има врати со сензори за автоматско отворање без да се допираат кваките. Многу од хотелите поставија и портири со заштитна опрема кои ќе ја отвораат вратата на гостите и ќе им нудат средство за дезинфекција.

Маските и заштитните ракавици веројатно ќе станат стандарден дел од униформата на хотелските работници, додека шишенца со средства за дезинфекција ќе има на секој агол низ хотелите. Просториите ќе се бришат со средство за дезинфекција после секој гостин – од справите за вежбање до столиците во рестораните.

kako-ke-znaeme-dali-hotelot-e-cist-posle-pandemijata-na-korona-virusot-05.png

Хотелите би можеле и да ја мерат температурата на гостите при влез во хотелот. Повеќе внимание ќе се насочи на бесконтактно работење.

Се очекува пораст на онлајн услугите за чекирање на собите, користење дигитални клучеви, мобилно плаќање и сл.

Некои хотели планираат да вклучат и напредна технологија во своето работење како ултравиолетово светло за елиминирање на бактериите, вирусите и други микроорганизми во собите.

kako-ke-znaeme-dali-hotelot-e-cist-posle-pandemijata-na-korona-virusot-04.jpg

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жена ја оставила ќерка ѝ (5) сама во хотел на Мајорка за да се забавува: „Пиеше од утро до мрак, тур... Негрижата на мајка од Ирска ја разбранува јавноста – 45-годишната жена била на о...
Бизарно: Пар украл сè од хотелска соба – го зеле дури и далечинскиот управувач за телевизорот (видео... Британските медиуми масовно споделуваат видео од пар кој откако преноќил во хоте...
„Имам ретко генетско нарушување: Последен пат јадев пред 4 години, не смеам да пијам вода“ „Што и да правам, мојот ден запира во 16 часот - мора да сум дома за да примам и...
Маж ја напушти забавата за откривање на пол откако дозна дека со сопругата ќе добијат ќерка (видео) Маж се соочи со остри критики поради видео од прославата за откривање на полот н...
Поранешен порно актер со исповед: „Земав лекови за да имам неколкучасовна ерекција, сега имам послед... Некогаш морал да зема лекови за по неколку часа да има ерекција, а денес вели де...
„Бев сурогат мајка за родители кои побараа од мене да абортирам - Го родив бебето против нивна волја... Што прават сурогат мајките кога родителите среде бременост ќе им кажат дека се п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg