Муралот на Коби зачуван, полицајците на колена – Моќни моменти од протестите во САД
- Детали
- вторник, 02 јуни 2020
Протестите во САД против расизмот и полициската бруталност земаат голем замав, демонстрантите палат, крадат и уништуваат градови, но има и друга страна која многумина одбиваат да ја видат.
Ванеса Брајант објави видео и покажа благодарност за тоа што и покрај вандализмот, палењето и уништувањето низ Лос Анџелес, муралите од Коби и Џиџи, како и еден со ќерката Наталија, останале спасени и недопрени.
Смртта на Џорџ Флојд кој беше ладнокрвно убиен од страна на полицаец предизвика масовни протести низ САД, на кои се придружуваат и славните личности.
Додека некаде има мирен марш, протестите низ повеќе градови во САД ескалираа, демонстрантите се фрустрирани и преку вандализам ја покажуваат огорченоста кон системот, расизмот и полициската бруталност кон Афроамериканците.
Покрај многуте вандалистички фотографии и видеа, има и друга моќна страна на протестите, која исто така е уловена на фотки кои многумина ги игнорираат.
Во продолжение моќни фотки од протестите во САД кои вреди да се видат:
Група момци со темна боја на кожата штитат полицаец кој останал сам
Ветеран протестира против владата откако се борел за еднаквост
Полицијата во Портленд демонстрира и покажува дека ја слушаат и разбираат фрустрацијата на демонстрантите
Полицаец и демонстрант – вака изгледа солидарноста
Заедно посилни
Не станува збор за светла против темна боја на кожа, за богати против сиромашни, полиција против граѓани... туку сите против расисти
Граѓаните чистат по протестите
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





