Силен земјотрес од 8.8 степени ја погоди Русија – доктори смирено продолжија со операција и покрај тресењето (видео)
- Детали
- среда, 30 јули 2025
Вирално се шири снимка од земјотресот од 8.8 степени според Рихтер, кој ја погоди Русија и предизвика опасност од цунами – за време на тресењето, медицински тим во операциона сала останува смирен и го држи пациентот, а потоа продолжува со операција. Ова се вистински херои од реалноста.

Рано утрово, Русија ја погоди силен земјотрес од 8.8 степени според Рихтеровата скала во близина на Камчатка, кој предизвика големи бранови од неколку метри висина, поплави и опасност од цунами како во Русија, така и на Хаваи, во Јапонија и западниот брег на САД.

Руските специјалисти велат дека ова е еден од најмоќните потреси во регионот од 1952 година, а се вбројува во најсилните 6 на сите времиња.

Олег Мелников, шеф на регионалниот оддел за здравство, изјавил дека има рушевини, неколку луѓе се повредиле додека трчале да избегаат од зградите, пациент од болница се повредил кога скокнал од прозор, но сите биле во стабилна состојба и нема жртви.
Покрај многуте видеа и фотографии кои се шират на социјалните мрежи од потресот, една стана вирална и го покажува херојскиот потег на медицинските лица.

На снимката се гледа како земјотресот почнува додека тие се во операциона сала, а наместо да бегаат и да се скријат, тие го држат пациентот и инструментите и останале да ја завршат работата до крај.
„И покрај опасноста, докторите останаа смирени и останаа со пациентот до самиот крај“ – изјавил Олег Мелников, и додал дека пациентот моментално е надвор од опасност.
Погледнете го видеото:
M. M. | Црнобело