Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Нова драма помеѓу Северина и бившиот маж: „Таа го зема синот и никој не знае каде се веќе 9 дена“

На драмите помеѓу Северина и Милан Поповиќ во врска со старателството на синот им нема крај – српските медиуми тврдат дека пејачката го земала синот и требала да го врати пред 9 дена, но не го враќа и не се јавува на телефон.

nova-drama-pomegju-severina-i-bivshiot-mazh-taa-go-zema-sinot-pred-9-dena-i-nikoj-ne-znae-kade-se--01.jpg

Веста дека Северина го изгуби старателството над синот ги погоди сите, а нејзините емотивни објави и интервју допреа до сечие срце.

Според судската одлука, таа има дозвола да го гледа Александар двапати неделно попладне, секој втор викенд и 2 недели за распуст, но сега наводно таа ја прекршила одлуката.

nova-drama-pomegju-severina-i-bivshiot-mazh-taa-go-zema-sinot-pred-9-dena-i-nikoj-ne-znae-kade-se-02.jpg

Српските медиуми се преплавени со вести дека Северина го „киднапирала“ синот.

„На почетокот на летниот распуст Александар помина 14 дена кај мајка му, која минатиот викенд требаше да го врати кај татко му. Таа не го направи тоа! Оттогаш поминаа 9 дена, а Северина се прави луда.

Со оглед на тоа што Милан има полно старателство над момчето, ова може да се смета за киднапирање. Никој не знае каде се Северина и Александар. Едно време беа кај неа во станот во Сплит и видени се на плажа. Поповиќ подоцна дознал дека некој ги видел во Загреб, а оттогаш им се губи трага.

Северина не одговара на повиците на Милан, ниту на неговиот адвокат. Тој пријави киднапирање на детето.“ – наведува извор за Informer.

nova-drama-pomegju-severina-i-bivshiot-mazh-taa-go-zema-sinot-pred-9-dena-i-nikoj-ne-znae-kade-se-04.jpg

Северина неколкупати наназад има изјавено дека се соочува со неправда и дека нејзиниот поранешен сопруг ја користи неговата моќ и врски кај надлежните против неа. Таа се жалеше дека одлуката на судот е неправедна и дека не заслужува такво однесување.

Потсетете се на Северина со трогателна исповед: „Молам да го видам моето 8-годишно дете“

Сепак, останува да видиме дали е ова вистина или уште една медиумска шпекулациска игра на Милан против пејачката.

nova-drama-pomegju-severina-i-bivshiot-mazh-taa-go-zema-sinot-pred-9-dena-i-nikoj-ne-znae-kade-se-03.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“ „Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и ...
Се школувал под лажно име, не смеел сам да оди ни во тоалет: Тажниот живот на синот на Доналд и Мела... По барање на мајка му Меланија, неговото име и лик не смееле да се спомнат на со...
Исповед на мајка: „Немам пари за екскурзиите на децата – се срамам кога роднините ми нудат помош“ „Ми беше тешко да му соопштам на синот дека нема да оди со другарчињата. Видов к...
Зошто многу мажи во Јапонија им ја даваат целата своја плата на жените? Голем дел од мажите во Јапонија веруваат дека нивните сопруги добро и одговорно ...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Жена го оставила сопругот и трите деца за маж што го запознала на одмор во Египет - но, зошто се пок... Јулија Кларк (53) од Велика Британија чувствувала дека нејзиниот брак, кој траел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg