Емотивно писмо на Северина: „Ми дадоа 88 часа месечно со тебе и 2 ноќи да те успивам, а во другите – ќе те замислувам“

Вчера, хрватскиот суд одлучи да ѝ го одземе старателството на Северина над 7-годишниот син, а денес таа напиша писмо до него, кое ќе ви го стопи срцето.

emotivno-pismo-na-severina-mi-dadoa-88-chasa-mesechno-so-tebe-i-2-nokji-da-te-uspivam-a-vo-drugite-kje-te-zamisluvam-01.jpg

Северина беше скршена од тага по одлуката на судот да ѝ биде одземено старателството, но таа не се откажува од синот и докажува дека ќе му биде најдобра мајка дури и ако не се секојдневно заедно.

На Инстаграм таа објави емотивно писмо со неколку фотографии кое нема да ве остави рамнодушни:

Знаеш сине, тоа се само некои листови кои некој ги испишал, а на нив има некои букви кои некој ги скоцкал во зборови, а тие не вредат за нас двајца.

Нè одземаа еден од друг физички, но тоа е единственото што можат да го направат. По 7 ипол години, сега ми даваат да те гледам 88 часа месечно. Еј, па тоа се сепак 88 часа. Можеа да бидат и помалку, беа подготвени на сè и направија сè за да нè повредат.

Но, знаеш ли што сè можеме, ти и јас за тие 88 часа? Можеме чуда. Ми дозволија двапати месечно да преспивам со тебе и да те успивам... Еј, колку можеме да си изнакажеме за тие две вечери, тие не можат ни да замислат. Сите други вечери мама ќе те замислува. Бидејќи ти се претвораш во секоја моја мисла и секоја моја мисла се претвора во тебе.

Некои луѓе можат да ми те забранат, но не можат да ми забранат да те сакам, да мислам на тебе секоја секунда. Ова е сине, само еден гаден сон и мама ветува дека брзо ќе се разбудиме. Повторно ќе се успиваме секоја вечер, а за тоа ќе одлучи „господинот време“. Дотогаш, мама ќе биде секогаш покрај тебе и ова брзо ќе помине сине.

Извини што не стигнав ни да ти објаснам што се случи вчера, имавме многу поважни работи... Гледавме „Toy Story 4“, па правевме палачинки, па си игравме во зоолошка... Немаше време за тага ниту за објаснување... Морав да те одведам... Отидовме со насмевка...

Тие чудни зборови кои постојат само на листовите, но не и во реалноста, ги напиша една тетка која не знае кои сме ние и која само си игра со нас... Тетката е на повисоко ниво во играта. Воведе нови правила во играта наречени „хрватско правосудие“. Ние едноставно не го имавме ова предвид, не ги знаевме правилата. Тоа се нејзини правила, нивни, не наши.

Само ти мене биди ми добро и сè ќе биде во ред. Мама е добро, Робине мој, твојот Бетмен те чека.

И прости им сине, бидејќи навистина не знаат што прават...

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Блу Ајви (13) порасна во копија на мама Бијонсе – ги збуни сите со изгледот кога стигна во Париз со ... Ако и вие помисливте дека на фотките Бијонсе е таа што излегува од возило - се л...
Федерер ја возвишува сопругата Мирка: „Одам со неа на шопинг и по 10 часа и правам сè што ќе посака ... „Кога сме на одмор, правам сè што таа ќе посака. Ако сака да оди 10 часа на шопи...
Се свршија по 10 дена врска, двапати се разведуваа: Која е втората (и трета) сопруга на Илон Маск? Илон Маск имал 37, а Талула Рајли 22 години кога се запознале. Веднаш почнаа врс...
„Мојата жена е мојот херој“ – Најсекси мажот на светот, Џон Красински, слави 15 години брак со сопру... По 2 години врска се венчале во куќата на Џорџ Клуни на Комо, им предвидувале ра...

Најчитани неделава