Почина коосновачот на компанијата dm дрогерие маркт, Günter Bauer.

Скопје, 7. октомври 2020. Günter Bauer, коосновачот и член на компанијата dm дрогерие маркт Австрија / CEE, почина во својата 76-та година од животот.

pochina-koosnovachot-na-kompanijata-dm-drogerie-markt-g-nter-bauer-01 (1).jpg

Тој, заедно со својот долгогодишен пријател и партнер Götz Werner, во 1976 година ја основа компанијата dm дрогерие маркт во Австрија. Во следните години, тој учествуваше во успешното ширење на компанијата во единаесет земји. Благодарение на неговата работа и посветеност, денес подконцернот dm Австрија / CEE (Централна и Југоисточна Европа) работи со повеќе од 1.700 филијали, преку 21.000 вработени и остварува промет од речиси три милијарди евра. Со тоа dm важи за најголем дрогериски ланец во Европа.

Günter Bauer беше целосно посветен на својата визија да создаде деловно опкружување засновано на темели на вистински вредности и јасни ставови. Тежеше да создаде компанија која во центар го поставува човекот, како купувач, така и вработен, и која континуирано го унапредува своето работење, а во која довербата и почитта неизмерно вредат. Од друга страна, неговиот поглед на успехот се рефлектира во начелото дека е потребно компанијата да делува одговорно во пошироката заедница и дека општествено одговорното работење и фокусот на принципите на животната средина даваат конкретни и видливи резултати.

Компанијата dm дрогерие маркт повеќе од четири децении своите деловни активности ги заснова токму на животното дело, идеи и вредносни начела кои ги втемели Günter Bauer.

Би можело да ве интересира:

Момче (10) се ожени со својата детска љубов, 12 дена пред таа да почине од леукемија „Повеќето деца сакаат да одат во Дизниленд, но таа отсекогаш сакаше да биде сопр...
Маж од Јужна Кореја бил инженер, па си дал отказ за да патува низ светот и никогаш не се покајал (фо... „Од 2018-та година живеам во куфери. Тоа беше навистина луда одлука, но овој жив...
„На 16 години бев бездомник, спиев на улица, сакав да си го одземам живот - сè се смени кога ме прим... Клои Помфрет пораснала во згрижувачки дом, а станала бездомник на 16 години. Спи...
„Ангелот на смртта“ - Жена од САД отворила клиника за гладни деца во Уганда, ги лекувала без лиценца... Тврдејќи дека била испратена на мисија од Бог, Американката Рене отворила клиник...
Емотивно видео: Девојче со тешки изгореници на главата конечно има коса - мајка ѝ ја донираше својат... „Преубава си Ем... Можеме да правиме плетенки, да врзуваме опавче, сè што сакаш“...
„Косата на најдобрата другарка на ќерка ми е полна со вошки, а мајка ѝ е веган и не сака да ги убие ... „Косата на девојчето, кое е најдобра другарка на ќерка ми, е полна со вошки. Реш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg