Ковид мерки: Туристите во Тајланд ќе носат смарт алка што мери телесна температура и им ја открива локацијата

Ако одлучите да одите во Тајланд среде пандемија, ќе морате да носите алка која наликува на паметен рачен часовник, со цел да се следи вашата локација, но и вашата здравствена состојба.

turistite-vo-tajland-kje-nosat-specijalna-alka-shto-ja-pokazhuva-nivnata-lokacija-i-nivnata-temperatura-01.jpg

Кон крајот на октомври, тајландските власти донеле одлука според која на сите туристи кои влегуваат во државата ќе им се дава паметна алка (Smart Band), која ќе мораат да ја носат за време на нивниот престој.

Овој уред ќе ја следи локацијата на туристите, но и ќе им ја мери температурата, крвниот притисок и пулсот на срцето. Ако алката детектира телесна температура повисока од 37,5 степени, веднаш ќе ги извести болниците во близина.

На овој начин, медицинските лица веднаш ќе можат да реагираат – веднаш ќе го лоцираат, ќе му направат тест на пациентот и целосно ќе ја намалат можноста тој да зарази некој друг.

turistite-vo-tajland-kje-nosat-specijalna-alka-shto-ja-pokazhuva-nivnata-lokacija-i-nivnata-temperatura-01.jpg

Наводно, алката ќе им биде од голема корист на туристите и ќе им покажува кои места околу нив се под карантин, а ќе им дава и насоки за други локации, како болници или полиција.

Во октомври, Тајланд за првпат ги отвори границите за странски туристи, и тоа само за оние кои имаат специјална туристичка виза, воведена за време на пандемијата.

turistite-vo-tajland-kje-nosat-specijalna-alka-shto-ja-pokazhuva-nivnata-lokacija-i-nivnata-temperatura-02 (2).jpg

Според изворите, алката ќе ја носат туристи кои влегле во државата со специјална туристичка виза (STV), а одлуката би требало да важи од ноември.

Засега не е познато дали туристите ќе мора постојано да ја носат алката, ниту пак се знае дали тие ќе треба да плаќаат нешто за неа.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
Меланија му ставала креми со кавијар кога бил дете, има свое богатство од 150 милиони долари - Како ... Барон никогаш не носел тренерки, дури ни како дете, туку од мал сакал да се обле...
„Син ми тежи 14kg на 6 месеци – ме критикуваат дека му давам премногу храна, не го собира во количка... Кога жена го родила своето четврто бебе, тоа имало просечна тежина од околу 3,2 ...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...

Најчитани неделава