Лејди Гага плаче, Били Ајлиш скока од радост - Како реагираа славните на победата на Бајден на изборите во САД?
- Детали
- недела, 08 ноември 2020
Голем број славни го поддржуваа Бајден на овогодишните претседателски избори во САД, па кога стана јасно дека тој ќе победи, социјалните мрежи се преплавија со нивните реакции.
Некое време се навестуваше победата на Бајден на претседателските избори на САД, а по прикажувањата на најголемите медиумски куќи во САД, тој е избраниот претседател.
Голем број славни апелираа до нивните фанови да гласаат бидејќи повеќето едвај чекаа Трамп да се тргне од Белата куќа.
Сега, откако Бајден освои повеќе гласови, славните почнаа да ги споделуваат нивните реакции, иако официјалното прогласување ќе биде дури после одлуките на судот за сите жалби.
Погледнете дел од нив:
Аријана Гранде се огласи на Twitter:
„Плачам. Фала богу“.
Џон Леџенд, кој се појави на собир одржан како поддршка на Бајден ноќта пред изборите, сподели видео од неговиот настап:
Криси Тајген имаше подраматична објава, а потоа сподели видео со неа и Џон Леџенд, на кое танцуваат на песна против Трамп.
„Боже, се чувствувам како да сум тргнала тешко ќебе од мене, го откопчав градникот и ја извадив надградбата за коса, сето наеднаш“.
Џеј Ло сподели видео на кое танцува, со краток и јасен опис:
„Претседател Бајден!!! Потпретседател Камала Харис!!!
Рис Витерспун го искористи моментот да ѝ даде признание на Камала Харис, првата жена која стана потпретседател на САД:
„Без разлика на која страна сте, да одвоиме време и да му дадеме признание на тоа колку жените постигнаа во оваа држава“.
И Клои Кардашијан се израдувала за победата на Бајден:
„Сакам да се расплачам од среќа!!! Браво!!!“
Уште реакции на следната страница...
Би можело да ве интересира:





