Почина Мустафа Надаревиќ, познат по улогата на Изет Фазлиновиќ - колегите од регионот се збогуваат

Весна Петрушевска, Раде Шербеџија и колегите од регионот му оддадоа почит на Мустафа Надаревиќ, кој почина на 77-годишна возраст, за помладите генерации познат по улогата на Изет Фазлиновиќ, а постарите го знаат по богатата актерска кариера на филмското платно и театарската сцена.

pochina-mustafa-nadarevikj-poznat-po-ulogata-na-izet-fazlinovikj-kolegite-od-regionot-se-zboguvaat-01.jpg

Денес регионот изгуби уште една актерска легенда, а социјалните мрежи се преплавени со тажната вест за Мустафа Надаревиќ.

По кратко боледување, актерот кој неодамна бил пуштен од болница и времето го поминувал дома заради актуелната пандемија, ја изгуби битката со ракот на бели дробови.

На почетокот на годината тој проговори за искуството со болеста, но во тој период се чувствувал добро и немал дополнителни компликации.

126590726_10158573918436285_3175394712051978668_o.jpg

На почетокот на март, во Сараево актерот почна да снима нови епизоди за серијата „Луд, збунет, нормален“, коe поради пандемијата беше прекинато, а тој се врати во Загреб, каде помина најголем дел од животот.

Мустафа зад себе остави богата актерска кариера на филмското платно и театарската сцена, тој беше легендарен југословенски актер, а помладите генерации го памтат по комичната улога на Изет Фазлиновиќ, кој успеваше секогаш да нѐ насмее со своите досетки и појава.

pochina-mustafa-nadarevikj-poznat-po-ulogata-na-izet-fazlinovikj-i-bogatata-akterska-kariera-2.jpg

Во текот на долгогодишната актерска и режисерска кариера, Мустафа има освоено бројни награди.

Актерите во регионот изгубија драг колега, а Весна Петрушевска објави фотографија од него со цитат и во описот напиша: 

Мустафа Надаревиќ беше брилијантен на сцена, онаму каде е најважно, во театарот.Секогаш кога го гледав на сцена ми застануваше срцето?

Познатите од регионот исто така се огласија:

Раде Шербеџија за Jutarnji list:

„Тешко ми е да кажам што било. Пред два дена зборував со него, често му се јавував, се слушавме на телефон откако е болен. Секогаш беше весел, се смееше и викаша Чувај се, како него да не му е ништо. Беше прекрасен човек и кум на мојот Данило. Бевме цимери како млади. Многу го сакав. Посебен актер.“

Моамер Касумовиќ (актерот кој го глуми Дамир во „Луд, збунет, нормален“)

Марко Петриќ

Тарик Филиповиќ

Во продолжение потсетете се на некои од најдобрите сцени во серијата „Луд, збунет, нормален“:

https://www.youtube.com/watch?v=9CgNqgbmQbc

https://www.youtube.com/watch?v=4L_GbIaQzO8

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека сум посвоена бидејќи мајка ми починала – дознав дека ме купиле на црно“ Канаѓанката Дијана знаела дека нејзината биолошка мајка починала кога била дете,...
Јадела само овошје, имала само 22kg: Тажната приказна на девојка што почина од неисхранетост на Бали Каролина од Полска целиот живот се борела со нарушувања во исхраната, за пред кр...
Починал од леукемија, наводно направил две чуда по смртта: Кој е тинејџерот што беше прогласен за св... Карло Акутис, кој починал во 2006-та, викендов беше прогласен за светец од стран...
Трагедија во Лисабон: Познатиот жолт трамвај стар 140 години излета од шините – има најмалку 15 жртв... Вчера (03.09) трамвајот, поточно фуникуларот Глорија, кој е најпознатата атракци...
„Свршеникот ми почина додека ја планиравме свадбата - отидов сама на нашиот меден месец во негова че... „Сè уште чувствувам дека е покрај мене. Бев со него кога почина и никогаш не си ...
Почина сопругата на милијардерот Ричард Бренсон: Ѝ купил остров за да ја импресионира, беа заедно 50... По 50 години заедно, почина сопругата на милијардерот Ричард Бренсон. Милијардер...

Најчитани неделава