Илон Маск го помина и Бил Гејтс – со 128 милијарди долари, сега е вториот најбогат човек на планетата

Само една недела откако му го зеде третото место на Марк Закерберг, Илон Маск го помина и Бил Гејтс, па сега е вториот најбогат човек на планетата. Засега разликата во богатството на Илон и Гејтс е мала, но се претпоставува дека Илон допрва ќе се збогатува.

ilon-mask-go-pomina-i-bil-gejts-so-128-milijardi-dolari-sega-e-vtoriot-najbogat-chovek-na-planetata-01.jpg

Според индексот на милијардери на Bloomberg, каде што се наведени 500-те најбогати луѓе на планетата, годинава Илон заработил над 10 милијарди, со тоа искачувајќи се речиси на врвот на листата.

Во јануари годинава Илон се наоѓаше на 35-тото место на листата, што значи за помалку од 12 месеци надминал 33 милијардери.

Сега богатството на Илон изнесува 128 милијарди, а Џеф Безос, кој е прв на листата, „му бега“ за околу 54 милијарди. Што значи, 49-годишниот милијардер има големи шанси да застане и на првото место.

ilon-mask-go-pomina-i-bil-gejts-so-128-milijardi-dolari-sega-e-vtoriot-najbogat-chovek-na-planetata-02.jpg

Најголемиот дел од заработката на Илон е со компаниите Tesla и SpaceX. Моментално Tesla е компанија со најголема вредност од автомобилската индустрија.

SpaceX, пак, ни го поплочува патот за идните вселенски патувања и истражувања, а со комерцијалните летови ни дава надеж дека еден ден и „најобичните луѓе“ ќе имаат можност да ја видат вселената.

Со години, најбогатиот човек на планетата беше коосновачот на Microsoft – Бил Гејтс. Во 2017-ма местото му го зеде Џеф Безос кој оттогаш е на врвот.

Можеби Гејтс уште ќе останеше прв доколку не донираше во добротворни цели – преку фондацијата што ја основа со сопругата Мелинда, тој има донирано над 50 милијарди долари со кои финансира многу истражувања за вакцини и лекови за разни болести.

ilon-mask-go-pomina-i-bil-gejts-so-128-milijardi-dolari-sega-e-vtoriot-najbogat-chovek-na-planetata-03.jpg

10-те најбогати луѓе на планетата според индексот на милијардери на Bloomberg:

1. Џеф Безос – 182 милијарди долари

2. Илон Маск – 127,9 милијарди долари

3. Бил Гејтс – 127,7 милијарди долари

4. Бернард Арно – 105 милијарди долари

5. Марк Закерберг – 102 милијарди долари

6. Ворен Бафет – 86 Милијарди долари

7. Лери Пејџ – 81 милијарда долари

8. Сергеј Брин – 78 милијарди долари

9. Стив Балмер – 76 милијарди долари

10. Мукеш Амбани – 74 милијарди долари

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 луѓе со кои не сакаме да делиме ист воздух (а ги има многу и во Македонија) Дали сте биле сведок на сцена во Скопје каде тркалото од велосипедот останало за...
Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...

Најчитани неделава