Гледање во соларна еклипса, лажната Меланија – „најлудите“ работи што ги направи Трамп за време на неговиот мандат (фото)
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Гледање во соларна еклипса, лажната Меланија – „најлудите“ работи што ги направи Трамп за време на неговиот мандат (фото)

Еден Американец, кој очигледно не е голем фан на Трамп, решил да ги сподели најлудите работи што ги направи Доналд за време на претседателскиот мандат, а дефинитивно имал многу материјал за користење.

gledanje-vo-solarna-eklipsa-lazhnata-melanija-najludite-raboti-shto-gi-napravi-tramp-za-vreme-na-negoviot-mandat-foto--01.jpg

Уште кога Трамп најави дека ќе се кандидира за претседател, покрај оние кои имаа верба во него, го поддржаа и го изгласаа како нивни водач, сепак голем број Американци го покажаа нивното незадоволство, а во периодот околу тогашните избори, некои славни отидоа дотаму што изјавија дека ќе се иселат ако победи тој.

Иако последните настани покажаа дека Доналд Трамп стекнал голем број поддржувачи во текот на мандатот, сепак изгледа дека не е омилената личност на многу Американци, а токму последните настани предизвикаа уште поголем бес кај оние кои и онака не му биле поддржувачи.

Оние кои се против него постојано објавуваат за испадите и чудните работи што ги прави претседателот на САД, но сега еден твитерџија решил да ги собере сите „на куп“.

Твитерџијата Џулс Суздалцев сподели над 30 фотографии на неговиот профил кои го прикажуваат Трамп во не толку добро светло, а досега неговите објави имаат над 50.000 лајкови.

„Бидејќи мандатот на Трамп е речиси пред крај, сфатив дека сега ќе биде забавно да ги потсетам сите за најчудните и најглупавите работи што ги има направено нашиот диктатор во последните четири години, а за кои целосно заборавивме“, пишува во неговата објава.

Погледнете дел од најпопуларните фотографии, описите над фотките се преземени од оригиналните твитови на Џулс:

„Да почнеме со класика – Гледаше директно во Сонцето за време на соларна еклипса“

gledanje-vo-solarna-eklipsa-lazhnata-melanija-najludite-raboti-shto-gi-napravi-tramp-za-vreme-na-negoviot-mandat-foto-02.jpg

„Ја извади заштитна маска за да изгледа моќно, додека уште можеше да зарази некој“

gledanje-vo-solarna-eklipsa-lazhnata-melanija-najludite-raboti-shto-gi-napravi-tramp-za-vreme-na-negoviot-mandat-foto-03.jpg

„Им фрлаше тоалетна на луѓето после ужасниот ураган во Порторико“

gledanje-vo-solarna-eklipsa-lazhnata-melanija-najludite-raboti-shto-gi-napravi-tramp-za-vreme-na-negoviot-mandat-foto-04.jpg

„Потпишуваше Библии“

gledanje-vo-solarna-eklipsa-lazhnata-melanija-najludite-raboti-shto-gi-napravi-tramp-za-vreme-na-negoviot-mandat-foto-05.jpg

„Неговиот неверојатно лош тен“

gledanje-vo-solarna-eklipsa-lazhnata-melanija-najludite-raboti-shto-gi-napravi-tramp-za-vreme-na-negoviot-mandat-foto-06.jpg

„Направи вечера со храна од McDonald’s бидејќи предизвика затворање на владата и немаше кој да приготвува храна во Белата куќа“

gledanje-vo-solarna-eklipsa-lazhnata-melanija-najludite-raboti-shto-gi-napravi-tramp-za-vreme-na-negoviot-mandat-foto-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Масажа на стапала во јавен превоз, влечки за тоалет: 15 работи кои се можни само во Азија Во земјите на Азија владее целосно поразлична и необична атмосфера во секојдневи...
13 работи кои ги има во Јапонија, а му требаат на целиот свет Во болниците, банките и други институции има на располагање очила со различен ди...
14 работи кои ќе беа дел од вашиот живот ако бевте родени во Северна Кореја Ќе си купевте апликација за телефон буквално од продавница, ќе изберевте од пост...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg