Драматична глетка: Моќни фотки и видеа од ерупцијата на Етна во Италија

На 17-ти јануари еруптираше најактивниот вулкан на Земјата, Етна во Италија. Ерупцијата не предизвикала никаква штета, но оние кои се нашле во близина направиле неверојатни фотки и видеа.

dramatichna-gletka-mokjni-fotki-i-videa-od-erupcijata-na-etna-vo-italija01.jpg

Во неделата, 17-ти јануари, повторно еруптираше можеби најактивниот вулкан на Земјата – Етна во Италија. Најпрво лавата почнала да излегува од југоисточниот кратер, а до понеделникот вечерта кратерот еруптирал, испуштајќи лава, пепел и жежок гас. Властите ги предупредиле околните градови да бидат внимателни, бидејќи пронашле отпад од вулканот на растојание од околу 28 километри.

Вулканот Етна често се активира, но на краток период, а последната голема ерупција беше во 1992-ра. Сепак, овојпат ерупцијата претставувала мала закана за околните жители.

https://www.youtube.com/watch?v=XUc6BrMe7wg

Лоциран на островот Сицилија, Етна е стратовулкан со висина од околу 3.500 метри. Тој е најголемиот активен вулкан во Европа со четири кратери, од кој „најновиот“ се формираше од ерупција во 1978-ма.

Етна има можеби најдолга историја со ерупции од кој било друг вулкан, од кои првата била документирана во 425 п.н.е. Според записите на Римјаните, во 122-ра година п.н.е. ерупцијата била толку голема, што го блокирала сонцето неколку дена. Една од најголемите ерупции се случила во 1669-та година, при што загинале 1.500 луѓе.

Вулканот е речиси постојано активен, но повеќето ерупции се мали и не претставуваат никаква закана за околните жители.

За среќа, од последната ерупција нема повредени, ниту некоја сериозна штета, но оние кои се нашле во близина направиле неверојатни фотки и видеа:

Повеќе фотки и видеа на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Вознемирувачки видеа: Патник ја отворил вратата среде лет со авион во Кореја –  има повредени Сите цврсто се држат за седиштата и чекаат конечно авионот да слета... Ова може ...
„Купив напуштена ‘италијанска куќа од 1 евро’ – ја претворив во дом што вреди 460.000 евра“ „Откако ќе биде готова, куќата ќе вреди околу 460.000 евра“ – вели Мередит Табон...
„Насекаде има тела - во морето, по улиците, под зградите“: Страшни и тажни сцени од поплавите во Либ... Либија се соочува со страшни поплави предизвикани од бурата Даниел. Бројот на за...
Дете (8) од Африка ја поминало Сахара пеш за да стигне до Европа, откако селото му било уништено во ... 8-годишниот Оумар од Африка поминал над 5.600 километри за да стигне од Мали до ...
Слаткото момче од Киндер денес е во љубов со Романка – Која е вереницата на заводникот од Србија? Била Мис Романија, се преселила во Италија и денес чекори на модните писти на го...
Прво видео од Кејт Мидлтон откако исчезна - Јавноста верува дека е нејзина двојничка „Објавија и лажно видео од Кејт? Значи никогаш повеќе нема да ја видиме“, е еден...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg