Бербер од Калифорнија им нуди бесплатно стрижење на бездомниците – планира да отвори и центар за згрижување (фото)

Џејсон Шнејдман верува дека фризурата може да ти го промени животот па затоа им нуди бесплатно потстрижување на сите бездомници во Калифорнија. Истовремено, тој се обидува да отвори и центар за нивно згрижување, со што ќе им помогне да се вратат на нозе.

berber-od-kalifornija-im-nudi-besplatno-strizhenje-na-bezdomnicite-planira-da-otvori-i-centar-za-zgrizhuvanje-foto01.jpg

Џејсон е 50-годишен бербер кој го изучувал занаетот уште на 14-годишна возраст. Отсекогаш бил вљубен во својата професија, а пред пет години решил да ја искористи за да им помогне на помалку среќните.

Берберот од САД и самиот се соочил со бројни проблеми во животот. Пред 16 години, тој имал проблеми со зависност и одел на рехабилитација дури четири пати пред да се ослободи од дрогата. Извесен период додека се борел со зависноста, Џејсон бил и бездомник.

„Бев бездомник две години. Кога бев зависник и кога живеев на улица се чувствував многу осамено и отфрлено од другите“, вели тој.

Штом излегол од рехабилитација за последен пат, Џејсон се фокусирал на кариерата, а почнал да им помага и на други зависници кои сакале да се ослободат од проблемите со дрогата.

berber-od-kalifornija-im-nudi-besplatno-strizhenje-na-bezdomnicite-planira-da-otvori-i-centar-za-zgrizhuvanje-foto-02.jpg

Сепак, иако имал полни раце работа, чувствувал дека не прави доволно за да им помогне на другите. Тогаш кај него дошол маж кој бил бездомник и алкохоличар, и на кого му било потребно бричење и потстрижување.

„Беше во ужасна состојба и засекогаш ќе го помнам. Но, кратко по тој настан си помислив дека треба да го правам токму тоа“, вели Џејсон за тоа како ја добил идејата да ги потстрижува бездомниците.

Пред пет години тој отишол на булевар во Холивуд и почнал да ги прашува бездомниците дали им треба стрижење. Сега, пак, неговиот добар гест се претвори во цело движење, чија цел е да им помогне на бездомниците. Џејсон направил и организација преку која одржува настани во Калифорнија, каде што неколку бербери ги нудат своите услуги бесплатно за бездомниците.

„Потстрижувам славни, а потстрижувам и бездомни луѓе. Кога ќе си заминат од кај мене, одат поразлично, со повеќе самодоверба“, вели берберот.

berber-od-kalifornija-im-nudi-besplatno-strizhenje-na-bezdomnicite-planira-da-otvori-i-centar-za-zgrizhuvanje-foto-03.jpg

Досега тој им направил услуга на стотици бездомници, а вели дека и друг важен дел од неговата работа е тоа што има можност да разговара со нив, вклучувајќи ги и оние кои се справуваат со зависност. Тој го споделува своето искуство со нив и им докажува дека не се „изгубен случај“ и, на некој начин, им ја враќа самодовербата. Сега, тој планира да отвори и засолниште за бездомниците во Калифорнија.

„Сметам дека со ова им покажувам дека тие уште се луѓе. Можат да се вратат на нозе. Многу од овие луѓе сакаат да работат. Сакаат да имаат цел во животот. А, мојата цел е да се обидам да им дадам место каде што ќе можат да се истушираат, место каде ќе си ги остават работите, а кога ќе се стабилизираат, да им помогнам да си најдат и свој дом“.

Погледнете дел од неверојатните трансформации што ги направил Џејсон:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...
16 трогателни сцени од животот во Мумбаj (кои ежат и допираат до срце) Деца со боси ноџиња среде монсунска бура, татковци кои од петни жили се борат за...
Сингапурецот кој изгледа како 20-годишен дечко наполни 60 години – кои се неговите тајни за младолик... Со години сите се прашуваат како е можно овој Сингапурец да изгледа како 20-годи...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...

Најчитани неделава