Живее во домот на Монро, тврди дека ја прогонува нејзиниот дух – Која е двојничката на Мерилин Монро?

„Слушаме гласови и чекори секоја вечер, веруваме дека тоа е духот на Мерилин“ – 25-годишна девојка заедно со сопругот живее во една од куќите на Мерилин Монро и го копира нејзиниот стил, а тврди дека со нив живее и духот на холивудската ѕвезда од 50-ите.

zhivee-vo-nejziniot-dom-tvrdi-deka-ja-progonuva-duhot-na-monro-koja-e-dvojnichkata-na-merilin-monro-01.jpg

Јасмин Чисвел е родена во Глазгов, каде што пораснала, а откако имала неуспешен обид да заврши медицина, се впуштила во актерските води и подоцна се преселила во Америка.

Пред да почне да живее во Лос Анџелес, таа имала несреќна врска, па сосема неочекувано тука ја запознала љубовта на нејзиниот живот, Маверик, преку апликација за состанување.

Интересот на Јасмин за Мерилин Монро почнал откако таа и нејзиниот сегашен сопруг Маверик се преселиле во еден од домовите на Мерилин.

Тие пребарувале поранешни домови на Монро и нашле еден кој е на продажба, па го купиле. Во него нашле списанија од 1953-та и скриени потписи од актерката на рафтовите и ѕидовите.

Откако се преселиле, Јасмин добила желба да почне да носи винтиџ облека, иако дотогаш се облекувала како обична 20-годишна девојка.

Јасмин почнала да ги копира аутфитите и стилот на Мерилин и по неколку месеци влегла во шема. Според нејзините изјави, таа „добила помош“ и фризурата „сама ѝ се подобрила“, откако наводно почнал да ѝ се појавува духот на Мерилин.

Неодамна таа гостуваше во емисијата This Morning, каде открива бизарни работи за нивниот живот во куќата каде исто така живеела и Мерилин со нејзиниот сопруг.

„Се случуваат многу чудни работи кои сме се обидувале да си ги објасниме, но не може. Луѓето чувствуваат како некој да ги прегрнува, слушаме гласови и чекори секоја вечер. Се случува цело време. Проверувавме дали буката може да доаѓа од патот или од животни во куќата, но не откривме која е причината.“

Водителите од шоуто во неверување од нејзината приказна, ја прашаа како се сигурни дека тоа е духот на Монро, на што Јасмин одговори дека не се сигурни, но според „специјалист за паранормални активности“, се претпоставува дека е така.

25-годишната Јасмин има изјавено дека сопругот Маверик ја охрабрил да почне да се облекува во винтиџ облека, а тој и се придружил, па честопати добиваат чудни погледи од минувачите заради нивниот необичен стил на облекување, но не им е грижа што мислат другите за нив, бидејќи имаат и многу поддржувачи.

Тоа што тие се фокусирани на старомодно облекување и необичен стил на живот, посебно Јасмин, како „реинкарнација“ на Мерилин, им донесе слава.

На социјалните мрежи Јасмин ја следат милиони луѓе, а посебно е популарна на ТикТок каде има 9 милиони следбеници.

За домот во кој сега живеат, вели дека многу работи се останати оригинални, како кога Мерилин живеела во куќата - од плочки и врати до купатила и уметнички дела. 

zhivee-vo-nejziniot-dom-tvrdi-deka-ja-progonuva-duhot-na-monro-koja-e-dvojnichkata-na-merilin-monro0-02.jpg

Повеќе фотки од Јасмин: 

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
„Живеам од социјална помош бидејќи ми е стресно да работам – си купив куќа и ги зголемив градите, не... Жена од Англија 23 години живее од социјална помош бидејќи, како што вели, полес...
Градска девојка пронајде среќа во животот на село - живее на фарма со сопругот, се породи со 9-тото ... Некогаш балерина и мисица, денес жена што меси леб, молзи крави и е посветена ма...
Меланија му ставала креми со кавијар кога бил дете, има свое богатство од 150 милиони долари - Како ... Барон никогаш не носел тренерки, дури ни како дете, туку од мал сакал да се обле...
„Продадовме сè за да патуваме низ светот и се вративме дома за 6 месеци – реалноста е поразлична од ... „Седиме на убава плажа, но јас морам да се вклучам на состанок. Одиме на кафе во...
„Трошам 200.000$ дневно на себе“ - Домаќинка од Дубаи се фали со парите од сопругот Линда Андраде (27) е богата домаќинка од Дубаи. Нејзината приказна е како сценар...

Најчитани неделава