Приказната за мистичната принцеза од Дубаи која „исчезна“ – во тајно снимено видео тврди дека ја држат заробена

Тројца луѓе кои тврдат дека имале директен контакт со принцезата Латифа од Дубаи, со BBC споделиле неколку видеа кои наводно ги добиле скришно од неа, а во кои принцезата тврди дека татко ѝ ја чува затворена во куќа.

prikaznata-za-mistichnata-princeza-od-dubai-shto-ischezna-shto-se-sluchuva-i-koj-e-vinovnikot01.jpg

BBC објавија вест дека добиле видеа снимени од принцезата Латифа од Дубаи, во кои таа тврди дека татко ѝ ја држи затворена против нејзина волја. Во видеата, принцезата Латифа вели и дека се плашела за својот живот.

me-drzhat-zatvorena-ne-mozham-da-otvoram-ni-prozorec-shto-se-sluchuva-so-princezata-latifa-od-dubai-0408.jpg

Според изворите на BBC, принцезата им праќала вакви тајни пораки, но бидејќи сега престанала и го изгубиле контактот со неа, тие бараат од Обединетите Нации да истапат во врска со случајот.

Таткото на принцезата Латифа е шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактоум – еден од најбогатите лидери во светот. Тој е владетел на Дубаи, како и заменик-претседател на Обединетите Арапски Емирати. Шеикот и неговото семејство претходно имаат изјавено дека Латифа е на безбедно и сите се грижат за неа, но според BBC, уште се немаат огласено во врска со новите видеа.

me-drzhat-zatvorena-ne-mozham-da-otvoram-ni-prozorec-shto-se-sluchuva-so-princezata-latifa-od-dubai-06.jpg

Наводно, принцезата ги снимала видеата после нејзиниот неуспешен обид да избега од Дубаи. Според The Guardian, во 2018-та година Латифа се обидела да избега од Дубаи, но ја вратиле назад. Тогаш нејзиното семејство изјави дека принцезата е безбедна во нејзиниот дом.

Околу еден месец подоцна, принцезата беше посетена од Мери Робинсон – поранешна претседателка на Ирска и поранешен висок комесар за човекови права во ОН. Тогаш, Мери изјави дека Латифа е млада жена со проблеми која добива психијатриска нега. Поранешната претседателка сподели дека семејството на Латифа ѝ кажало дека принцезата има биполарно нарушување.

Но сега, Мери повторно се огласи, изјавувајќи за BBC:

„Уште сум загрижена за Латифа. Нештата се променија, па мислам дека вреди да се истражи случајот“.

me-drzhat-zatvorena-ne-mozham-da-otvoram-ni-prozorec-shto-se-sluchuva-so-princezata-latifa-od-dubai-02.jpg

Во изјавата за познатиот медиум, Мери Робинсон вели и дека верува дека шеикот сигурно ја излажал во врска со Латифа, а сега ѝ било жал што во 2018-та не зборувала со неа насамо за да ја праша за нејзината состојба. Истовремено, таа вели дека фотографиите од неа и од Латифа воопшто не требало да се појават во јавност, бидејќи тоа било приватна средба.

Во видеата, кои наводно се снимени во текот на неколку месеци после нејзиниот обид за бегство, Латифа изјавува дека кога ја фатиле, ѝ дале седативи, а таа се разбудила дури кога слетале во Дубаи.

me-drzhat-zatvorena-ne-mozham-da-otvoram-ni-prozorec-shto-se-sluchuva-so-princezata-latifa-od-dubai-03.jpg

Принцезата тврди и дека живее во голема куќа која е претворена во затвор, а сите врати и прозорци биле заклучени.

„Заложник сум во вила која е претворена во затвор. Не можам да отворам ниту еден прозорец. Има пет полицајци надвор и двајца во куќата, и не можам да излезам ни на свеж воздух.

Го снимам ова видео од бањата бидејќи ова е единствената просторија што можам да ја заклучам.

Бидејќи на вратата од мојата соба нема клуч, пред неа ставам шишиња за да направат врева ако влезе некој, за да престанам да зборувам. Па да, ова е мојата сегашна ситуација“.

Истовремено, принцезата вели дека чуварите, односно полицајците ѝ се заканувале дека ќе биде затворена цел живот и никогаш нема да го види сонцето.

„Не знам кога ќе бидам ослободена или какви ќе бидат услови кога ќе бидам ослободена. Секој ден сум загрижена за мојата безбедност и мојот живот, навистина не знам дали ќе ја преживеам оваа ситуација.

Веќе сум преморена од сè што се случува. Ова е како циркус“.

Од BBC велат дека ја добиле приказната за киднапирањето на Латифа од нејзината пријателка Тина Јаухиаинен, која наводно ѝ помогнала во бегството во 2018-та, како и Маркус Есабри и Дејвид Хаиј. Тројцата почнаа и кампања наречена Free Latifa, а за познатиот медиум велат дека сега ги споделуваат видеата, бидејќи стравуваат за нејзината безбедност. Кон крајот на минатата година, Дејвид Хаиј изјави дека изгубиле контакт со Латифа.

Латифа, која денес има 35 години, сакала да побегне уште на 16-годишна возраст, а кога стапила во контакт со францускиот бизнисмен Ерве Жоберт во 2011-та, почнал да се прави планот за нејзиното бегство. Францускиот бизнисмен претходно успеал да побегне од Дубаи, откако бил осуден за проневера на пари, па решил да ѝ помогне и на принцезата. Во планот се вклучил и нејзиниот тогашен тренер по боречки вештини, Тина Јаухиаинен, која со текот на времето многу се зближила со принцезата.

Следните неколку години, принцезата и бизнисменот го испланирале бегството, а Тина била таа која постојано им помагала и им била конекција за комуникација.

me-drzhat-zatvorena-ne-mozham-da-otvoram-ni-prozorec-shto-se-sluchuva-so-princezata-latifa-od-dubai-04.jpg

На 24-ти февруари 2018-та, Латифа и нејзиниот тренер се качиле на чамец и се упатиле кон јахтата на која ги чекал бизнисменот. Оттаму требало да одат до Индија, каде што Латифа требало да се качи на авион до САД и да побара политички азил.

Но, осум денови подоцна, кога се доближиле до брегот на Индија, на јахтата се качиле индиски војници. Латифа и бизнисменот се скриле во тоалетот на бродот, но бидејќи војниците пуштиле и димни бомби, тие морале да излезат.

BBC пренесува дека војниците им се заканувале, по што ја одвлечкале Латифа, а бизнисменот и останатиот екипаж биле приведени, па биле ослободени две недели подоцна.

Според Тина, таа воопшто ја немала видено Латифа од обидот за бегство во 2018-та, а во 2019-та добила порака од странец кој тврдел дека има контакт со принцезата.

Преку него, таа успеала да почне директна комуникација со принцезата, а успеала и да ѝ помогне да добие телефон. Тогаш Латифа почнала да ги снима видеата што се објавени неделава. Наводно, следните неколку месеци, Тина, Маркус и Дејвид секојдневно биле во контакт со принцезата, сè до крајот на минатата година.

Од BBC велат дека семејството на Латифа многупати има изјавено дека принцезата е на безбедно, но наводно уште чекаат коментар од властите во Дубаи во врска со целиот случај.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„На 16 години бев бездомник, спиев на улица, сакав да си го одземам живот - сè се смени кога ме прим... Клои Помфрет пораснала во згрижувачки дом, а станала бездомник на 16 години. Спи...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
Момче (10) се ожени со својата детска љубов, 12 дена пред таа да почине од леукемија „Повеќето деца сакаат да одат во Дизниленд, но таа отсекогаш сакаше да биде сопр...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg