Кока-кола слави 125 години

coca-cola-slavi-125-godini-povekjeCoca-Cola освежува и инспирира генерации, секојдневно ги допира животите на милиони луѓе насекаде во светот. Без оглед дали се работи за...


...посебни мигови или сeкојдневие – таа е секогаш тука. Значаен дел од спомените за младоста, семејните собири или романтичните мигови со блиските, Coca-Cola е единствениот бренд кој веќе 125 години му носи волшебни мигови на радост, оптимизам и освежување на секого со кој ќе дојде во допир.

Сите овие години Coca-Cola остана симбол на врвно освежување и непресушна инспирација за многумина.

coca-cola-slavi-125-godini-1

Единственото пакување и рекламирањето се менуваа со текот на времето прилагодувајќи се на општествениот контекст, но непроменливиот, препознатлив и единствен вкус остана омилен избор на милиони луѓе во светот кои делат иста страст – уживање во овој најпознат светски пијалак.

Coca-Cola веќе 125 години ги освежува луѓето насекаде во светот

coca-cola-slavi-125-godini-9

Сè започнува во Атланта на 8 мај 1886 година со волшебниот сируп на хемичарот д-р Џон С. Пембертон (John S. Pemberton); напивка со боја на карамела чиј состав е строго чувана тајна и денес, а искуството, веќе 125 години, е исто – вкусно, освежително, одлично!

Пијалакот кој почнал да се продава во чаши, точен од сад од под шанкот на Аптеката на Џејкоб (Jacob's Pharmacy) во Атланта, брзо го привлекол вниманието на купувачите, иако, од денешна перспектива, девет чаши од напивката продадени дневно и не делува така импресивно.

Имено, Coca-Cola денес е најпопуларниот и најпродаваниот пијалак – дневно се продаваат дури 1.6 милијарди шишиња! Компанијата Coca-Cola денес нуди околу 400 различни безалкохолни пијалаци во повеќе од двесте земји, а меѓу нив се и низа видови на Coca-Colа кои задоволуваат сечии потреби и индивидуални вкусови, со различни ароми, како и оние без шеќер.

Интересен е фактот што од САД на стариот континент Coca-Colа најпрво доаѓа во Франција, татковината на Ајфеловата кула, со која ја дели истата година на „раѓање“, па токму тука во 1920 година е отворена и првата европска фабрика за полнење, од каде молскавично се проширува низ цела Европа.

coca-cola-slavi-125-godini-2

Но, не се задржува само на Земјата. Во 1985 година Coca-Colа со астронаутите на Челинџер ќе отпатува во вселената. Специјално за таа прилика дизајнирана е и произведена лименка отпорна на гравитација. Милиони луѓе ги видоа астронаутите како во бестежинска состојба пијат Coca-Cola од препознатливите црвени лименки. Своите вселенски авантури Coca -Colа ги повтори во 1991, 1995 и 1996 година.

coca-cola-slavi-125-godini-3

Посебно место во приказната заслужува шишенцето на Coca-Colа, на чија исклучителна вредност укажувале многу дизајнери и теоретичари на визуелната комуникација. Тоа, за едни извонредно стилизирана женска фигура, а за други – уникатно парче дизајн, е неизбежен дел од идентитетот на Coca-Colа. И како што рекол еден славен дизајнер, двете најдобро обликувани работи на светот, тоа се јајцето и шишето на Coca-Colа!

coca-cola-slavi-125-godini-4

Coca-Colа го наоѓа своето место и во уметноста и во филмот, а се смета и за една од главните икони на поп-културата. Тој нејзин статус го потврди Енди Ворхол, но наклоност кон овој омилен газиран пијалак имаат искажано и многу актуелни ѕвезди – музичари, актери, режисери и дизајнери со своето учество во маркетиншките кампањи на Coca-Colа. Некои од поистакнатите се Арета Френклин, Реј Чарлс и Д’ Сапримс, познатите креатори Карл Лагерфелд и Роберто Кавали, спортските ѕвезди Леброн Џејмс и Дејвид Бекам, како и глумиците Пенелопе Круз и Кортни Кокс.

coca-cola-slavi-125-godini-5

Би можело да ве интересира:

„Не ги бричам нозете и пазувите и на тој начин се штитам од несакани машки погледи“ Делуваат ли влакната на телото одбивно и би се откажале ли од депилација за мажи...
Ја уби бремената девојка на пренос во живо, доби само 6 години затвор – Каде е денес Станислав Решет... Во 2020-та година, светската јавност беше згрозена кога неговото видео во кое ја...
„Браво, ова е одраз на добро воспитување“: Девојче делеше бонбони на градежни работници и стана хит ... „Ова девојче е одраз на вистинско воспитание“ – стои во дел од коментарите на ви...
Девојка од САД го заменила градскиот метеж со живот во колиба среде шума (фото) Младата девојка открива дека дури и во тоалетот има прозорец за да ужива во погл...
„Се борам да сврзам крај со крај за да купам храна за децата, но тоа не значи дека сум лоша мајка“ „Стигнав до касата и немав доволно пари за да платам. Луѓето почнаа да зјапаат в...
Девојче (13) било заробена под урнатини, умирало 3 дена – Приказната зад една од најпотресните фотог... Во 1985-та, по вулканска ерупција во Колумбија, настанало свлекување на земјиште...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg