Има 72 деца, и уште 16 се на пат: Професор од Њујорк им помага на жените да забременат по „старински метод“

Професорот Ари Нејџел (44) од Њујорк, сака да им помага на жените да останат бремени „по старински метод“, без вештачко оплодување, по природен пат.

ima-72-deca-i-uste-16-se-na-pat-profesor-od-newyork-im-pomaga-na-zenite-da-zabremenat-po-starinski-metod-01.jpg

Паричен надомест не бара, освен во форма на „бакнежи и прегратки“. Овој донор на сперма го носи и надимакот „сперминатор“.

Во моментов е татко на 72 деца, и уште 16 се на пат. Очигледно, ниту пандемијата не го спречува во неговата идеја.

Вели дека постојано го бараат жени кои сакаат да останат бремени, од целиот свет – првенствено во САД, но и во Африка, па се до Русија.

ima-72-deca-i-uste-16-se-na-pat-profesor-od-newyork-im-pomaga-na-zenite-da-zabremenat-po-starinski-metod-02.jpg

„На почетокот, ги зачнувавме децата природно, со сексуални односи. Но, сега се случува во еден месец да ми се јавуваат голем број жени, што не можам да си дозволам да имам толку односи без заштита. Затоа спермата им ја носам во менструална чашка.“

Најчесто, од идните мајки и родители, бара да му ги покријат само патните трошоци.

„Тешко ми е да ги запомнам имињата и родендените на сите мои деца, затоа за сите имам надимаци. Со некои од децата се гледам почесто, некои не ги гледам никогаш – зависно од изборот на мајката.“  - вели Ари.

ima-72-deca-i-uste-16-se-na-pat-profesor-od-newyork-im-pomaga-na-zenite-da-zabremenat-po-starinski-metod-03.jpg

Ари им помогнал на повеќе од 60 жени да останат бремени.

Секако, наишол на критики и контроверзии неколкупати: 5 од жените до сега го имаат тужено успешно барајќи парична поддршка за децата. Неколкумина го осудуваа и кога донирал сперма на 18 годишна жена која живеела во дом за бездомници во 2018 година.

ima-72-deca-i-uste-16-se-na-pat-profesor-od-newyork-im-pomaga-na-zenite-da-zabremenat-po-starinski-metod-04.jpg

Сепак, тој не се откажува од мисијата – да помага на жените кои сакаат да бидат мајки.

ima-72-deca-i-uste-16-se-na-pat-profesor-od-newyork-im-pomaga-na-zenite-da-zabremenat-po-starinski-metod-05.jpg

Е. П. | Црнобело / фото извор: Фејсбук

Би можело да ве интересира:

Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...

Најчитани неделава