Ќе ви звучи иронично, но: Шведска увезува ѓубре затоа што им снемува

На нас, со сигурност ни звучи иронично. Но, во последниве години, Шведска се соочува со проблем кој реално го нема ниту една друга држава. Им снемува ѓубре!

kje-vi-zvuchi-ironichno-no-shvedska-uvezuva-gjubre-zatoa-shto-im-snemuva-01.jpgфото: pexels.com

Звучи бизарно, но кога го преработувате ѓубрето и рециклирате постојано, останувате без материјал – односно, почнувате да увезувате ѓубре.

Каде оди шведското ѓубре? На пример, се преработува и претвора во енергија, а Швеѓаните го користат како замена за фосилно гориво при греење.

Чудно е, навистина, како успеале да ја креираат оваа свест кај народот. И да, изгледа нереално. Но, каде што има волја, има и начин.

kje-vi-zvuchi-ironichno-no-shvedska-uvezuva-gjubre-zatoa-shto-im-snemuva-04.jpgфото: sweden.se

Жителите на Шведска поминуваат многу време во природа, па лесно ја прифатија идејата и начинот на кој ќе може да ја сочуваат истата.

Шведските домаќинства рециклираат дури 99% од ѓубрето. Од 21% во 2001 година, стигнаа до оваа неверојатна бројка како дел на „револуција во рециклирањето“ во целата земја.

kje-vi-zvuchi-ironichno-no-shvedska-uvezuva-gjubre-zatoa-shto-im-snemuva-07.jpgфото: Фејсбук

Така, Швеѓаните станаа увозници на ѓубре кое најчесто стигнува од Норвешка.

И Германија и Холандија се увозници на ѓубре, но лидер е сепак оваа скандинавска земја.

Ова ни изгледа навистина далечно и нереално во блиска иднина да се случи во Македонија, нели? 

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не е Македонија, Холивуд е – ѓубре од шишиња и пуканки оставени низ салата по Оскарите (фото) „Толку ли е тешко да се фрли ѓубрето кога си одиш?“ – пишуваат во коментари. Ако...
Јапонските навивачи го „светнаа“ стадионот на Светско по натпревар, па се соочија со критики: „Зошто... Деновиве вирално се споделуваат фотки од јапонските навивачи на Светското фудбал...
Шефица открива дека им дава половина час пауза за мастурбација на вработените во текот на работниот ... „Вистината е дека мастурбацијата може да им помогне на луѓето да се справат со с...

Најчитани неделава