Патување на брод само за имунизирани – задолжителна вакцина за персонал и гости на крстарења

Сите вработени и патници мора да бидат 100% вакцинирани, најави Norwegian Cruise Line Holdings LTD, мајката компанија на Norwegian Cruise Line, Regent Seven Seas Cruises and Oceania Cruises.

patuvanje-na-brod-samo-za-imunizirani-zadolzhitelna-vakcina-za-personal-i-gosti-na-krstarenja-01.jpg

Компанијата најави дека крузерите ќе почнат со работа во јули, во согласност со препораките на Центрите за контрола и превенција на заразни болести (CDC).

Според најавите, по една година пауза компанијата ќе почне да нуди крстарења во Грција и на Карибите, со намален капацитет.

Имено, на почетокот компанијата ќе понуди патувања со 3 од 17-те бродови од својата флота, а капацитетот постепено ќе се зголемува. 

Работевме напорно за продолжување на операциите, при што се фокусиравме на искуството на гостите со фокус врз здравјето и безбедноста. Зголемената достапност на вакцините за COVID 19 е клучна за промените. Вакцината комбинирана со нашите научно базирани здравствени и безбедносни протоколи ќе ни помогне да им понудиме на гостите најздраво и најбезбедно патување на море, изјави Хери Сомер, Претседател и ЦЕО на Norwegian Cruise Line, во официјалното соопштение од компанијата.

Според најавите, сите патници ќе треба да бидат 100% вакцинирани две недели пред тргнувањето, а сите вработени ќе треба да бидат вакцинирани две недели пред да отпочнат со работните обврски.

Покрај задолжителната вакцина за вработените и за гостите, компанијата најави дека ќе бидат вградени системи за филтрирање на воздухот, ќе бидат воспоставени засилени хигиенски мерки, а крузерите ќе бидат обезбедени со повеќе медицинска опрема и ќе бидат применети соодветни санитарни мерки во пристаништата.

Како потврда за вакцина, Norwegian ќе ги прифаќа сите докази на хартија што ги поседуваат луѓето, како картички за вакцинација, сертификати или потврда од лекар, пренесува USA Today.

Norwegian Cruise Line или само Norwegian, по големина е трета компанија со бродови за крстарење. Таа е основана во 1966-тата година со седиште на Бермудите и во Мајами.

Инаку ова не е единствената компанија што ќе бара задолжителни вакцини. Претходно Royal Caribbean, Crystal Cruises и Virgin Voyages најавија дека ќе бараат задолжителни вакцини.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...
Јадела само овошје, имала само 22kg: Тажната приказна на девојка што почина од неисхранетост на Бали Каролина од Полска целиот живот се борела со нарушувања во исхраната, за пред кр...
Членови на кралското семејство кои биле ужасни со вработените – Слугинките плачеле од Меган Маркл На принцезата Дијана воопшто не ѝ бил лесен животот со кралското семејство. Па, ...
Избегната голема трагедија во Германија - пожар во преполна дискотека, спасени сите 750 гости (фото+... Во неделата, околу 3 часот по полноќ, во дискотека во Германија избувнал пожар ш...
Синот на Трамп меѓу гостите, настапи на Џеј Ло и Тиесто: Детали за една од најскапите индиски свадби Ќерката на милијардер од Индија викендов стапи во брак. Прославија со тридневна ...
Светски познат готвач од Македонија среде скандал – Ги малтретирал вработените, си даде оставка „Неколку вработени ни кажаа дека кога Реџепи сакал да ги дисциплинира, но во рес...

Најчитани неделава