Вирално видео: Гуштер од речиси 2 метра влегол во продавница во Тајланд - луѓето се кријат под каса


Вирално видео: Гуштер од речиси 2 метра влегол во продавница во Тајланд - луѓето се кријат под каса

Деновиве се појави видео направено во продавница во Тајланд на кое се гледа огромен гуштер кој се качува по рафтовите, додека преплашените купувачи и вработени се криеле под касата.

viralno-video-gushter-od-rechisi-2-metri-vlegol-vo-prodavnica-vo-tajland-kupuvachite-i-vrabotenite-se-kriele-pod-kasa-01.jpg

Купувачите и вработените во продавница во Тајланд биле преплашени кога внатре влегол гуштер со должина од околу 180 сантиметри.

Барајќи храна, гуштерот почнал да се качува по рафтовите во продавницата, а еден купувач успеал да го сними целиот настан. Тој вели дека овие гуштери можат да бидат опасни кога се гневни, па бил доста исплашен.

„Влегов во продавницата да купам храна и тогаш го здогледав огромниот гуштер. Сакав да земам и пијалак, но животното беше премногу блиску до фрижидерот. Ова се опасни животни, особено кога се гневни, па само стоев настрана и снимав со телефонот“.

viralno-video-gushter-od-rechisi-2-metri-vlegol-vo-prodavnica-vo-tajland-kupuvachite-i-vrabotenite-se-kriele-pod-kasa-03.jpg

viralno-video-gushter-od-rechisi-2-metri-vlegol-vo-prodavnica-vo-tajland-kupuvachite-i-vrabotenite-se-kriele-pod-kasa-02.jpg

Штом влегол гуштерот, вработените и купувачите кои биле во продавницата се скриле под касата, додека животното се качувало по рафтовите.

viralno-video-gushter-od-rechisi-2-metri-vlegol-vo-prodavnica-vo-tajland-kupuvachite-i-vrabotenite-se-kriele-pod-kasa-04.jpg

Потоа еден од вработените повикал полиција, која пристигнала со експерти кои успеале да го заловат животното и, најверојатно, го пуштиле на слобода.

Наводно, огромното животно најпрво се наоѓало во канал во близина на продавницата, а потоа влегло внатре. Бидејќи во таа област на Тајланд неколку месеци имало сушен период, веројатно животното не можело да најде храна надвор.

Овие гуштери неретко живеат во канали во големите градови во Тајланд, каде што се хранат со риби, змии, жаби и остатоци од храна од луѓе. Тие се агресивни кога чувствуваат закана, а нивното каснување може да предизвика сериозни инфекции поради бактериите што се пренесуваат.

viralno-video-gushter-od-rechisi-2-metri-vlegol-vo-prodavnica-vo-tajland-kupuvachite-i-vrabotenite-se-kriele-pod-kasa-06.jpg

Мажјаците можат да достигнат должина до 2 метри, а најголемиот ваков гуштер бил забележан во Шри Ланка и бил долг неверојатни 3,22 метри. Овие гуштери можат да тежат повеќе од 50 килограми, а најголемите што се забележани досега тежеле околу 90 килограми.

viralno-video-gushter-od-rechisi-2-metri-vlegol-vo-prodavnica-vo-tajland-kupuvachite-i-vrabotenite-se-kriele-pod-kasa-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фото на денот: Во потрага по храна 14 слончиња се опиле и заспале во градина Додека луѓето се во домашна изолација за да спречат ширење на корона вирус, живо...
Косата ѝ е долга речиси два метри и не ја измила скоро 20 години (фото) Вели дека мирисите кои се впиваат во нејзината коса ѝ се драги затоа што ја потс...
Најдарежливиот шеф на годината - Одвоил 10 милиони долари за бонуси за вработените Шефот на една фирма за недвижнини во Балтимор им приредил вистинско празнично из...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg