Прва роденденска фотка од кралицата Елизабета (95) без принцот Филип + најдобрите фотки од нејзиното владеење

На 21-ви април кралицата Елизабета го прослави нејзиниот 95-ти роденден, но годинава без саканиот сопруг Филип. Поради неговата смрт, прославата за нејзиниот роденден беше откажана и таа го помина денот мирно, во замокот Виндзор.

prva-rodendenska-fotka-od-kralicata-elizabeta-95-bez-princot-filip-najdobrite-fotki-od-nejzinoto-vladeenje-01.jpg

Изминативе неколку денови кралицата и членовите од кралското семејство беа зафатени со погребот на принцот Филип, а бидејќи уште трае периодот на жалост, прославата за нејзиниот роденден беше откажана.

Според изворите, кралицата го поминала денот во друштво на најблиското семејство, но без Хари кој веќе се врати во САД.

Обично за роденденот на кралицата палатата споделува портрет од неа и принцот Филип, но годинава на официјалниот Инстаграм профи споделија неформална фотка од Елизабета, на која кралицата има широка насмевка.

„Денес е 95-иот роденден на кралицата. Кралицата е родена во 2:40 часот наутро на 21 април 1926 во Лондон. Таа е првото дете на војводата и војвотката од Јорк, кои подоцна станаа кралот Џорџ VI и кралицата Елизабета.

Годинава кралицата ќе остане во замокот Виндзор, додека трае периодот на жалост по смртта на војводата од Единбург“.

Исто така, на профилот беше споделена и порака од кралицата до јавноста:

„Денес, за мојот 95-ти роденден добив многу пораки кои многу ценам. Додека со семејството сме во период на голема тага, на сите ни е утеха што ги гледаме и слушаме пораките во чест на мојот сопруг, од оние во Велика Британија, Комонвелтот и целиот свет.

Моето семејство и јас сакаме да ви се заблагодариме за поддршка и добрината што ни ги покажавте изминатите неколку денови. Трогнати сме и постојано се потсетуваме дека Филип имаше огромно влијание врз безброј луѓе во текот на неговиот живот“.

Елизабета седна на кралскиот трон во 1953 година, кога имаше само 25 години. До денес, таа е британскиот монарх кој најдолго владеел со кралството, а во годините на нејзиното владеење, сопругот Филип ѝ беше најголемата поддршка.

Погледнете дел од најдобрите фотографии од Елизабета направени во текот на нејзиното владеење:

Кралицата на денот на крунисувањето во Вестминстер Аби, 1953 година

kralicata-elizabeta-go-proslavi-prviot-rodenden-bez-filip-najdobrite-fotki-od-nejzinoto-vladeenje-02.jpg

Елизабета и Филип со нивните деца – принцот Чарлс и принцезата Ен – на балконот на Бакингемската палата, 1954 година

kralicata-elizabeta-go-proslavi-prviot-rodenden-bez-filip-najdobrite-fotki-od-nejzinoto-vladeenje-03.jpg

Кралицата во посета на рудник за јаглен, 1958 година

kralicata-elizabeta-go-proslavi-prviot-rodenden-bez-filip-najdobrite-fotki-od-nejzinoto-vladeenje-04.jpg

Елизабета, Филип и нивните деца на 39-иот роденден на кралицата, 1965 година

kralicata-elizabeta-go-proslavi-prviot-rodenden-bez-filip-najdobrite-fotki-od-nejzinoto-vladeenje-06.jpg

Кралицата танцува со сопругот Филип во Малта, 1967 година

kralicata-elizabeta-go-proslavi-prviot-rodenden-bez-filip-najdobrite-fotki-od-nejzinoto-vladeenje-07.jpg

Елизабета во нејзината работна соба во замокот Балморал, 1972 година

kralicata-elizabeta-go-proslavi-prviot-rodenden-bez-filip-najdobrite-fotki-od-nejzinoto-vladeenje-08.jpg

Слатка фотографија со нејзините кучиња, 1973 година

kralicata-elizabeta-go-proslavi-prviot-rodenden-bez-filip-najdobrite-fotki-od-nejzinoto-vladeenje-09.jpg

Кралскиот пар за време на одмор во замокот Балморал, 1976 година

kralicata-elizabeta-go-proslavi-prviot-rodenden-bez-filip-najdobrite-fotki-od-nejzinoto-vladeenje-10.jpg

Повторно кралицата со нејзините кучиња, 1980 година

kralicata-elizabeta-go-proslavi-prviot-rodenden-bez-filip-najdobrite-fotki-od-nejzinoto-vladeenje-11.jpg

Фотографијата е едно од омилените хобија на Елизабета, 1982 година

kralicata-elizabeta-go-proslavi-prviot-rodenden-bez-filip-najdobrite-fotki-od-nejzinoto-vladeenje-12.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Вториот сопруг ѝ загина, фати двајца сопрузи во неверство - Бурниот љубовен живот на Каролина од Мон... Првпат се омажи на 21 година со познат плејбој, а родителите се противеа на тој ...
Кејт Мидлтон со круна на принцезата Дијана, Доналд и Меланија главни гости: Како помина раскошниот б... Во замокот Виндзор се одржа државен банкет во чест на американскиот претседател ...
Родена во куќа од кал, уапсена е за наркотици, а сега е најмоќната жена на светот: Која е првата дам... Силија Флорес не е претседател на Венецуела, не седи на официјалната фотелја на ...
Принцот Џорџ е пораснат дечко покрај мама Кејт Мидлтон на Вимблдон – во одело и кравата како вистинс... Кејт Мидлтон отмена и елегантна како секогаш, воодушеви заедно со пораснатиот си...
Жена (50) од Велика Британија за тајната на бракот со 31-годишниот сопруг: „Клучот е силното либидо“ По 4 години брак, Каролин Станбери (50) ужива во интимноста со поранешниот фудба...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...

Најчитани неделава