По 20 години борба со неплодност: „На последниот ехо-преглед пред да ми ги извадат јајниците дознав дека сум бремена“

Каролин Дарлингтон и нејзиниот сопруг Рој со години се обидувале да станат родители, но со текот на времето се откажале од третманите и биле убедени дека нивното семејство е комплетно со посвоениот син. Но, откако со тешко срце, оваа жена се одлучила да оди на операција да ѝ ги извадат јајниците, се случило чудо.

Po-20-godini-borba-so-neplodnost-Na-posledniot-eho-pregled-pred-da-mi-gi-izvadat-jajnicite-doznav-deka-sum-bremena-01.jpg

Оваа 39-годишна жена страдала од Синдром на полицистични јајници и eндомтериоза поради што, со тешко срце ја донела одлуката да ѝ биде отстранет и вториот јајник. Она што никој не го очекувал е дека на последниот ехо-преглед ќе дознаат дека е бремена во 16-тата недела.

Po-20-godini-borba-so-neplodnost-Na-posledniot-eho-pregled-pred-da-mi-gi-izvadat-jajnicite-doznav-deka-sum-bremena-02.jpg

Каролин и Рој стапиле во брак во 2001-та година и се преселиле во Германија поради тоа што Рој работел како воено лице. Набрзо по ова почнале да се обидуваат да станат родители.

„Отсекогаш сакав деца, уште откако бев мала и си играв со кукли. Се образував за породилна сестра и секогаш бев околу деца“ - вели таа.

Po-20-godini-borba-so-neplodnost-Na-posledniot-eho-pregled-pred-da-mi-gi-izvadat-jajnicite-doznav-deka-sum-bremena-03.jpg

Откако Каролин прекинала да ги зема пилулите за контрацепција, менструацијата ѝ станала нередовна и открила дека има Синдром на полицистични јајчници – поради што нејзините јајчници не произведувале редовно јајцеклетки.

По ова цели две години ѝ биле вршени испитувања и поминала повеќе третмани, но не останала бремена. Двојката дури се обидела и со ин-витро оплодување во 2004-тата година, но и ова било безуспешно.

„Тоа беше ужасен период. Навистина бев трауматизирана. Си мислиш дека ќе успее и очигледно тоа не беше така. По ова некој период одморивме и решивме дека нема да имаме деца затоа што не сакав повеќе да го изложувам моето тело на сите хормони“, вели таа.

Во 2007-мата година, таа била пренесена во болница со огромни болки во абдоменот, а се воспоставило дека има пукната циста на јајчникот. Следната година двојката се преселила во Обединетото Кралство и по ова одлучиле дека ќе престанат со сите терапии за плодност.

Неколку години подоцна, во 2015-тата двојката се одлучува да посвои 10-месечно бебенце. Процедурите траеле цели две години, а откако го посвоиле момчето што сега има шест години, мислеле дека нивното семејство е комплетно.

На Божиќ 2016-тата година Каролин повторно имала проблеми со јајчниците, односно повторно била пренесена во болница заради пукната циста на јајчникот. Како што објаснува, по ова ѝ била дијагностицирана ендометриоза и откако изгубила поголемо количество крв, едниот јајник ѝ бил отстранет.

„Се чувствував ужасно поради синот, затоа што беше Божиќ, а неговиот ден беше уништен“, вели Каролин.

Ендометриоза е честа состојба која погодува околу 10% од жените. Тоа е состојба при која клетките од внатрешноста на матката израснуваат надвор од неа, на други невообичаени места во телото.

Најчесто, ендометриозата се наоѓа во карличниот дел. Овие израстоци може да предизвикаат бројни симптоми како што се болки во карличниот дел и неплодност.

Po-20-godini-borba-so-neplodnost-Na-posledniot-eho-pregled-pred-da-mi-gi-izvadat-jajnicite-doznav-deka-sum-bremena-04.jpg

Откако претходно имала големи болки во стомакот, таа сепак одлучила да го отстрани и вториот јајчник, со што во целост ќе остане неплодна. Во февруари 2020-тата година биле започнати сите процедури за операцијата, но сè било прекинато поради пандемијата.

Неколку месеци подоцна, во септември 2020-тата Каролин била на ехо-преглед со цел да се завршат сите процедури пред операцијата, кога дознала дека е 16 недели бремена.

„Бев на преглед и сестрата ми рече: ’Јајчникот изгледа во ред, но вие сте бремена‘. Стомакот ми беше отечен но мислев дека ми расте цистата. Се сеќавам дека си помислив: ’Боже, што ќе каже сопругот!‘“ – се присеќа таа.

Po-20-godini-borba-so-neplodnost-Na-posledniot-eho-pregled-pred-da-mi-gi-izvadat-jajnicite-doznav-deka-sum-bremena-05.jpg

Таа чекала да му ги каже убавите вести на Рој кога ќе си дојде дома, но тој веќе претпоставувал дека е бремена, затоа што, како што ѝ рекол, можел да ја слушне како се смее уште по телефон. Според Каролин синот Хорхе е „бебе-чудо“ и таа се чувствува благодарна затоа што го добила вториот син.

Po-20-godini-borba-so-neplodnost-Na-posledniot-eho-pregled-pred-da-mi-gi-izvadat-jajnicite-doznav-deka-sum-bremena-06.jpg

„Чувствуваме дека нашата принова е чудо, затоа што тоа никогаш немаше да се случи ако немаше пандемија. Благодарни сме за овој благослов и сакаме да им порачаме на луѓето никогаш да не губат надеж!“ - вели Каролин.

Хорхе се родил на 29-ти март годинава, во истата болница каде Каролин ја закажала операцијата за отстранување на јајникот.

Po-20-godini-borba-so-neplodnost-Na-posledniot-eho-pregled-pred-da-mi-gi-izvadat-jajnicite-doznav-deka-sum-bremena-08.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„На 16 години бев бездомник, спиев на улица, сакав да си го одземам живот - сè се смени кога ме прим... Клои Помфрет пораснала во згрижувачки дом, а станала бездомник на 16 години. Спи...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Бремена сум секоја година од 2014-та досега - подобро тоа отколку да имам менструација секој месец“ Американката Медисон Чавез, која го чека своето петто дете, ги подели мислењата ...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Ја мрази мојата работа, но и мене зошто си ја сакам работата“ – Канадскиот премиер за сопругата од ... „Постојат мигови кога таа ја мрази мојата работа и ме мрази мене што си ја сакам...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg