Инфлуенсерка обвинета за измама – земала државни пари и ги потрошила за луксузен одмор

Инфлуенсерка која станала популарна на Инстаграм со тоа што се фали со луксузниот животен стил пред своите 40.000 следбеници, во моментов е обвинета дека извршила измама. Луксузниот животен стил што „го рекламирала“ е финансиран од државна помош стекната со интернет измама.  

influenserka-od-sad-obvineta-za-izmama-zemala-drzhavni-pari-i-gi-potroshila-za-luksuzen-odmor-01.jpg

Инфлуенсерката од Мајами, како што пишуваат медиумите во САД, успеала да стигне до личните податоци на жртвата Л.М.С. зачувани во Регистарот на податоци за моторни возила на Масачусетс и ги искористила за да отвори банкарска сметка во нејзино име.

Даниел Милер (31) е обвинета за измама. Според јавното обвинителство во Бостон, инфлуенсерката ја искористила банкарската сметка за да аплицира и добила над 100.000 долари државна помош преку Администрацијата за мали бизниси.

Парите што ги добила ги искористила за приватен авион од Флорида до Калифорнија и за престој во луксузни хотели. Таа дополнително користела и лажна возачка дозвола на која биле отпечатени податоците на жртвата, но со нејзина фотографија.

Даниел објавувала фотографии од луксузниот одмор на својот Инстаграм профил. Освен тоа, таа аплицирала за дополнителни 900.000 долари користејќи ги податоците на други луѓе од споменатиот Регистар.

Доколку биде обвинета, инфлуенсерката може да добие затворска казна од 20 години и парична казна од 250.000 долари.

Дополнително, до нејзините фотографии на Инстаграм профилот може да се забележат низа негативни коментари. Некои од корисниците на социјалната мрежа се гневни затоа што користела државни пари за сопствениот луксуз, па така забележителни се голем број гневни и вулгарни коментари.

Меѓу другото, еден од следбениците ја прашал: „Дали сите 'лајкови' што ги доби вредеа?“

Во продолжение повеќе фотографии од Даниел:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Над 20 години ја држела како робинка за да ѝ го чисти домот: Детали за случајот што го згрози светот Повеќе од 25 години, жена од Англија која требало да се грижи за девојка со проб...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...
Маж и жена се свршија на врвот на Емпаер Стејт Билдинг, па ги уапсија (фото+видео) Ангела и Иван се познати „зависници од адреналин“ кои редовно се искачуваат на о...
„Трошам 200.000$ дневно на себе“ - Домаќинка од Дубаи се фали со парите од сопругот Линда Андраде (27) е богата домаќинка од Дубаи. Нејзината приказна е како сценар...
Ги викаа „најубавиот италијански пар“ - По разводот тој откри дека покажувале лажна среќа на Инстагр... Раперот признава дека чувствува гадење кон својот минат живот, кога играл улога ...
Меланија му ставала креми со кавијар кога бил дете, има свое богатство од 150 милиони долари - Како ... Барон никогаш не носел тренерки, дури ни како дете, туку од мал сакал да се обле...

Најчитани неделава