Емотивно видео: Маж и жена кои се 7 децении во брак се прегрнуваат првпат - биле разделени цела година

96-годишниот Џозеф и 97-годишната Маргарет се во брак цели 73 години, а се немале видено од април минатата година. Но сега, цела година подоцна, тие конечно се сретнаа и видеото од овој момент нема да ве остави рамнодушни.

emotivno-video-mazh-i-zhena-koi-se-7-decenii-vo-brak-se-pregrnuvaat-prvpat-otkako-bile-razdeleni-cela-godina-01.jpg

На 7 април 2020 година Маргарет Биглер била однесена во дом за стари лица, откако поминала извесен период во болница. Поради пандемијата, нејзиниот сопруг Џозеф Биглер не можел никако да ја посети, па тие не се виделе воопшто. Но, во март годинава Џозеф бил префрлен во истиот дом за стари лица и конечно имал можност да ја види својата сакана.

Моментот кога се здогледуваат првпат по цела година е овековечен и со емотивно видео, кое брзо се прослави на социјалните мрежи. На видеото и Џозеф и Маргарет се во инвалидска количка, а можете да забележите дека старицата едвај се воздржува од плачење пред да го прегрне својот сопруг.

emotivno-video-mazh-i-zhena-koi-se-7-decenii-vo-brak-se-pregrnuvaat-prvpat-otkako-bile-razdeleni-cela-godina-02.jpg

emotivno-video-mazh-i-zhena-koi-se-7-decenii-vo-brak-se-pregrnuvaat-prvpat-otkako-bile-razdeleni-cela-godina-04.jpg

Вљубениот пар се запознал преку братот на Маргарет и стапиле во брак во далечната 1948 година. Маргарет била домаќинка, а Џозеф работел за рударска компанија сè до неговото пензионирање. Н

а почетокот на пандемијата Маргарет била префрлена во дом за стари лица, а Џозеф продолжил да живее сам во нивниот дом. Но, поради рестрикциите тие немале можност да се видат.

emotivno-video-mazh-i-zhena-koi-se-7-decenii-vo-brak-se-pregrnuvaat-prvpat-otkako-bile-razdeleni-cela-godina-03.jpg

На емотивната средба сведочеле и неколку вработени во домот, кои велат дека во тој миг, во просторијата немало човек кој не се расплакал. Маргарет, пак, вели дека тоа бил најсреќниот ден од нејзиниот живот.

„Сите бевме пресреќни што ги видовме заедно. Ова беше среќен ден за сите нас. И двајцата се прекрасни личности кои се лудо вљубени еден во друг и постојано се надеваа дека повторно ќе се видат“.

Џозеф вели дека времето поминато без саканата му било „вистински пекол“, но барем е среќен што во домот се грижеле добро за Маргарет.

„Не можам да опишам со зборови како се чувствував кога ја прегрнав по цела година“.

Сега и Маргарет и Џозеф се сместени во истиот дом и можат постојано да бидат заедно.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Во љубов е со милионер една глава понизок од неа - Зошто врската на манекенката Викторија Силвстед ј... Актерката, модел, пејачка и поранешна Плејбој зајачица, Викторија Силвстед (51),...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Абортирала поради него, ја терал да спие со Ерос Рамацоти за да направи еротски фотки - Бурната љубо... Поранешниот сопруг, познат и како „крал на папараците“ во Италија, продавал нејз...

Најчитани неделава