„Студирав медицина, но избрав да бидам домаќинка, наместо доктор - сакам сопругот да чувствува дека го ценам“

Нивниот начин на живот е традиционален во секој поглед па така, освен што таа постојано му „служи“ на сопругот, Синтија исто така нема контрола во носењето одлуки.

Нејзиниот сопруг е глава во куќата, но таа вели дека воопшто не се чувствува потчинета.

„Му дозволив на сопругот да биде главен иако тоа е мошне тешко за мене, затоа што јас сум мошне тврдоглава личност“ – вели таа и додава дека поради ваквиот начин на живот нејзиниот сопруг се чувствувал ценето и почитувано.

Нејзините денови почнуваат со вежбање во теретана, потоа го шета кучето, па се враќа дома за да се посвети на домашните обврски. Откако ќе го стави ручекот за сопругот да се готви, таа се посветува на чистењето на домот.

Секојдневно го чисти подот со правосмукалка, а потоа во тетратка ги забележува сите поголеми задачи што би сакала да ги заврши.

Додека се справува со облеката за перење и со чистењето на куќата, Синтија на лицето редовно има шминка, фризура и ѓердан од бисери.

Кога ќе заврши со секојдневните обврски таа чека нејзиниот сопруг да се врати дома. Ако се случи тој да доцни, таа ја пакува вечерата и си легнува, но тој секогаш има да јаде нешто готвено. 

Повеќе фотографии од Синтија:

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...

Најчитани неделава