„Студирав медицина, но избрав да бидам домаќинка, наместо доктор - сакам сопругот да чувствува дека го ценам“
- Детали
- недела, 11 декември 2022
Наместо да гради кариера како лекар, Синтија Ловен одлучила да остане дома и да биде домаќинка. Таа гордо се приклучува кон движењето наречено „Традиционални жени“ според кое жените ги извршуваат сите домашни задачи, а сопругот е задолжен за финансиите. „Поради ваквиот начин на живот сопругот се чувствува ценето и почитувано“ - вели таа.
Наместо да гради кариера како доктор, Синтија Ловен (29) од Канада одлучила да остане дома и да биде домаќинка. Таа гордо се приклучува кон движењето наречено „традиционални жени“ според кое жените ги извршуваат сите домашни задачи, а сопругот е задолжен за финансиите.
Додека некои жени може да се чувствуваат „потчинето“, таа тврди дека за себе не можела да избере подобра „кариера“:
„Ако го гледате извршувањето на домашните обврски како извршување на задачи на работното место, тогаш ќе бидете позадоволни, ќе ви се чини како секое друго работно место и како во секоја друга кариера ќе имате свои цели“ – вели таа.
Синтија е поранешна мис Канада, а во моментов редовно споделува видеа од „традиционалниот начин на живот“ на Youtube.
Таа во интервју за весникот The Sun појаснува кои биле причините поради кои се приклучила кон движењето „традиционални жени“ (tradwife од traditional wifes) и се откажала од кариерата во медицината:
„Пред неколку години навистина бев разочарана од животот... Не чувствував потреба да градам кариера. Имав потреба да бидам сопруга и домаќинка, иако требаше да работам како доктор“ – вели таа.
Синтија сега го очекува своето второ дете, а откако се омажила, со сопругот се договориле дека таа ќе се грижи за домот, а тој ќе работи.
„Сопругот е тој што носи леб во домот, а јас сум само задолжена за домот. Тоа што работам по дома ме исполнува, многу повеќе од кое било работно место што претходно сум го имала“ – вели таа.
Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:





