„Вашата омраза ме прави посилна“ – 29-годишна девојка со алопеција со моќна порака за оние кои ја исмејуваат

29-годишната Заралена од САД има алопеција и редовно споделува фотографии на кои не носи перика, сакајќи да ја подигне свеста за нарушувањето. Бидејќи сфатила дека во последно време сè почесто добива злобни коментари за изгледот, решила да им се обрати на онлајн „хејтерите“ со моќна порака.

vashata-omraza-me-pravi-posilna-29-godishna-devojka-so-alopecija-so-mokjna-poraka-za-onie-koi-ja-ismejuvaat-01.jpg

Заралена Џексон од САД е инфлуенсерка и поранешна учесничка на ријалити шоуто Ex on the Beach на МТV.

vashata-omraza-me-pravi-posilna-29-godishna-devojka-so-alopecija-so-mokjna-poraka-za-onie-koi-ja-ismejuvaat-02.JPG

29-годишната убавица има алопеција и е целосно отворена за нејзиното нарушување, а покрај фотките на кои изгледа беспрекорно со долга коса, храбро објавува и фотографии без перика.

Но, во последно време забележала дека токму овие објави се полни со злобни коментари. Некои го исмејувале нејзиниот изглед, а некои го исмејувале фактот што носи перика.

Бидејќи долго време се соочувала со вакви коментари и во реалноста, решила дека е време да прозбори за нив.

vashata-omraza-me-pravi-posilna-29-godishna-devojka-so-alopecija-so-mokjna-poraka-za-onie-koi-ja-ismejuvaat-03.JPG

vashata-omraza-me-pravi-posilna-29-godishna-devojka-so-alopecija-so-mokjna-poraka-za-onie-koi-ja-ismejuvaat-04.JPG

На нејзината најнова Инстаграм објава, Заралена позира во бикини на две фотографии – на едната носи перика, а на другата не. Во описот, пак, вели дека алопецијата и злобните коментари ѝ ја направиле „кожата подебела“, а истовремено нагласува дека алопецијата не е нешто што треба да се крие.

„Искрено, во последно време се сочувам со многу злобни шеги поради опаѓањето на мојата коса, но мене тоа не ми пречи. Среќна сум ако можам да го искористам малтретирањето од малите несигурни црви, ако тоа значи дека ќе им покажам на сите дека алопецијата не е нешто што треба да се крие. И, ќе продолжам да објавувам фотографи без перика. Без разлика на сè.

Мојот профил, за среќа, ги привлекува најпрекрасните луѓе. За жал, обидот да се подигне свеста на други платформи доаѓа со омраза, бидејќи некои луѓе не можат да се справат со необичните нешта. Мојата кожа само ќе стане подебела, моите очи се поотворени кон она што е навистина важно. Неверојатно е како алопецијата ве тера да го погледнете животот поразлично.

Можеби не сум убава во очите на некои луѓе, и тоа е во ред. Веројатно не би им била убава со или без мојата коса, и тие сепак ќе кажуваат одвратни работи за мојот изглед.

Убавината е субјективна и, верувајте… овие луѓе кои седат зад екран и ги исмејуваат другите поради нивните ’недостатоци‘ дефинитивно не се убави, ни однадвор, ни одвнатре.

Ова е потсетник за мене дека правам разлика. Ништо нема да ме спречи“.

Досега објавата има над 6.400 допаѓања, а коментарите се полни со љубов и поддршка за младата инфлуенсерка.

„Изгледаш прекрасно и на двете фотографии. Ти си инспирација“.

„Ти благодарам што си реална во овој тажен свет на лаги“.

vashata-omraza-me-pravi-posilna-29-godishna-devojka-so-alopecija-so-mokjna-poraka-za-onie-koi-ja-ismejuvaat-05.JPG

„Неверојатна си. Ти благодарам за позитивната енергија и довербата што ни ја даваш нам кои имаме алопеција“.

„Како може некој да кажува злобни шеги за личност со толку прекрасни лице и душа? Ти си инспирација и силна жена и претпоставувам дека само ти љубоморат“.

Повеќе фотографии од Заралена на следната страница...



Би можело да ве интересира:

11 луѓе со кои не сакаме да делиме ист воздух (а ги има многу и во Македонија) Дали сте биле сведок на сцена во Скопје каде тркалото од велосипедот останало за...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Застрашувачка сцена: Огромна лавина се движи кон скијачи во ски-центар во Италија (видео) На драматична снимка се гледа како се формира снежна лавина во ски центар во Ита...
„Живеам од социјална помош бидејќи ми е стресно да работам – си купив куќа и ги зголемив градите, не... Жена од Англија 23 години живее од социјална помош бидејќи, како што вели, полес...
„Јас сум експерт за интимни односи и сум спиела со повеќе од 400 клиенти - Како изгледа мојата работ... „Мојот прв клиент беше неверојатна личност која цел живот се чувствувала многу с...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...

Најчитани неделава