Магични италијански гратчиња нудат по 28.000 евра за млади луѓе да се преселат таму - би прифатиле ли?

Италијански гратчиња од јужниот дел на земјата, во регионот Калабрија, им нудат по 28.000 евра на луѓето што се подготвени да се преселат таму. Се нудат можности за преселување покрај море, но и во планински предели.

preselete-se-vo-italija-pokraj-more-ili-na-planina-i-dobijte-28-000-evra-koi-se-uslovite-za-primamlivata-mozhnost-01.jpg

Со цел да го зголемат населението во местата што имаат по околу 2.000 жители, властите во јужниот италијански регион Калабрија дошле до несекојдневно решение - им нудат финансиски средства на сите млади луѓе до 40 години, кои треба да бидат подготвени да се преселат 90 дена по успешната апликација.

Меѓу гратчињата што ќе бидат опфатени со програмата се и гратчињата Санта Северина, Сан Донато ди Нинеа, Сант Агата дел Бианко, Бова и други. А гратчето Абидона веќе е опфатено со понудата со којашто доселениците може да купат куќи по цена од 1 евро.

Прочитајте повеќе - Италијански гратчиња продаваат куќи за 1 евро – Американка купила три, но реновирањето ќе ја чини 60.000 евра

Italijanski-gratchinja-nudat-po-28000-evra-za-mladite-shto-kje-odluchat-da-se-preselat-tamu-no-02.jpg

Како што пренесува CNN, ваквата понуда секако има и услови. Тие што ќе се преселат таму треба да бидат подготвени или да отпочнат мали бизниси, или да прифатат веќе постоечки понуди кај одредени професионалци, кои се бараат во градовите.

Italijanski-gratchinja-nudat-po-28000-evra-za-mladite-shto-kje-odluchat-da-se-preselat-tamu-no-03.jpg

Со оваа понуда, властите се надеваат дека ќе привлечат младо население што е работоспособно и подготвено да работи. Така, месечно може да се добиваат од 800 до 1.000 евра во период од две до три години. Дополнително, може да се добие и еднократна парична помош за поддршка за развој на нов бизнис.

Italijanski-gratchinja-nudat-po-28000-evra-za-mladite-shto-kje-odluchat-da-se-preselat-tamu-no-04.jpg

Тамошните власти најавуваат дека засега сè уште се утврдуваат деталите за тоа колкав ќе биде износот што месечно ќе го добиваат луѓето што ќе одлучат да се преселат таму, и дали во понудата ќе бидат вклучени и населените места до 3.000 жители.

Погледнете уште неколку фотографии во продолжение:

Italijanski-gratchinja-nudat-po-28000-evra-za-mladite-shto-kje-odluchat-da-se-preselat-tamu-no-05.jpg

Italijanski-gratchinja-nudat-po-28000-evra-za-mladite-shto-kje-odluchat-da-se-preselat-tamu-no-06.jpg

Italijanski-gratchinja-nudat-po-28000-evra-za-mladite-shto-kje-odluchat-da-se-preselat-07.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
„На 15 години ме праќаа во хотели за топлес да ме сликаат мажи“ - Манекенка за темната страна на про... „Понекогаш среќавав убаво облечени мажи во нивните канцеларии, а понекогаша сред...
Сингапурецот кој изгледа како 20-годишен дечко наполни 60 години – кои се неговите тајни за младолик... Со години сите се прашуваат како е можно овој Сингапурец да изгледа како 20-годи...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...

Најчитани неделава