Принцот Џорџ го прослави 8-иот роденден - Како Кејт и Вилијам го подготвуваат синот да стане крал? (фото)


Принцот Џорџ го прослави 8-иот роденден - Како Кејт и Вилијам го подготвуваат синот да стане крал? (фото)

Со денови на социјалните мрежи се појавуваа коментари за тоа што малиот принц Џорџ беше облечен како мини верзија на неговиот татко, но тоа е само дел од подготовките за она што го очекува - тој еден ден ќе биде крал.

princot-djordj-go-proslavi-8-iot-rodenden-kako-kejt-i-vilijam-go-podgotvuvaat-sinot-da-stane-kral-foto-01.jpg

Војвотката и војводата од Кембриџ објавија официјален портрет од принцот Џорџ за да го одбележат неговиот осми роденден.

Принцот Џорџ на фотографијата е потпрен на џип Landrover Defender, возило слично на неговиот покоен пра-дедо, Војводата од Единбург.

Фотографијата била направена од страна на мама Кејт во нивниот дом во Норфолк. Инаку, Кејт и Вилијам многу се двоумеле дали да објават фотографија од малиот принц поради несоодветните коментари што следеа по финалниот натпревар од Еуро 2020.

princot-djordj-go-proslavi-8-iot-rodenden-kako-kejt-i-vilijam-go-podgotvuvaat-sinot-da-stane-kral-foto-.jpg

За разлика од минатото, иако Кејт и Вилијам се свесни дека нивното најголемо дете еден ден ќе седне на престолот, сепак се трудат да му пружаат што е можно понормално детство додека истовремено го подготвуваат за неговата улога.

На седмиот роденден му кажаа дека еден ден ќе биде крал

Седмиот роденден на принцот Џорџ, Кејт го одбележа така што објави повеќе фотографии од него на социјалните мрежи. Постојат тврдења дека за време на овој роденден Кејт и Вилијам седнале и му објасниле на малиот принц дека еден ден ќе стане крал.

Џорџ расте според традицијата на семејството Мидлтон

За разлика од стриктната политика и традиција на кралското семејство, се чини дека Кејт и Вилијам се трудат да му пружаат на Џорџ што е можно понормално детство. Доказ за тоа се и фотографиите на кои се гледа како Кејт си игра со малиот Џорџ и се обидуваат да изгледаат опуштено, но умерено.

Kako-Kejt-i-Vilijam-go-podgotvuvaat-Dzoirdz-da-stane-kral-02.jpg

Се облекува како Вилијам

На двата натпревари од Еуро 2020 на кои присуствуваше и малиот принц Џорџ забележително беше дека е облечен како мала верзија на неговиот татко.

kako-kejt-i-vilijam-go-podgotvuvaat-sinot-djordj-7-da-stane-kral-foto-.jpg

Го објаснуваат кралскиот живот како приказна

Според некои извори, Кејт и Вилијам на Џорџ и на Шарлот им го појаснуваат кралскиот живот преку приказни. На овој начин тие им ги појаснуваат улогите што ќе ги имаат како возрасни луѓе.

Kako-Kejt-i-Vilijam-go-podgotvuvaat-Dzoirdz-da-stane-kral-04.jpg

Никогаш не говорат за работата пред Џорџ

Додека принцот Џорџ е сè уште дете, Кејт и Вилијам се трудат колку е можно повеќе да го поштедат од кралскиот живот, па така пред него никогаш не разговараат за кралските работи за да му остават простор да го слуша тоа кога ќе му дојде време.

kako-kejt-i-vilijam-go-podgotvuvaat-sinot-djordj-7-da-stane-kral-foto-2.jpg

Се обидуваат да го одгледаат во здрава средина за да биде самоуверен

Кејт и Вилијам се трудат да му обезбедат што е можно побезгрижно детство и се надеваат дека на тој начин тој ќе порасне во самоуверена личност што нема да биде срамежлива.

Kako-Kejt-i-Vilijam-go-podgotvuvaat-Dzoirdz-da-stane-kral-07.jpg

Фотки од принцот Џорџ: 

Kako-Kejt-i-Vilijam-go-podgotvuvaat-Dzoirdz-da-stane-kral-08.jpg

Kako-Kejt-i-Vilijam-go-podgotvuvaat-Dzoirdz-da-stane-kral-09.jpg

Kako-Kejt-i-Vilijam-go-podgotvuvaat-Dzoirdz-da-stane-kral-10.jpg

Kako-Kejt-i-Vilijam-go-podgotvuvaat-Dzoirdz-da-stane-kral-11.jpg

Kako-Kejt-i-Vilijam-go-podgotvuvaat-Dzoirdz-da-stane-kral-12.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Принцот Чарлс е позитивен на корона вирус - какви симптоми има? Принцот Чарлс, кој има 71 година, е позитивен на корона вирус. За среќа, тој пок...
Принцот Вилијам сака повторно да биде амбулантен пилот за да помогне против корона вирусот До 2017, принцот беше пилот на воздушната амбуланта, а сега изјавил дека му недо...
Врсничко насилство, отсутни родители, осамено детство – тажната младост на принцот Чарлс Деновиве принцот Хари зборуваше за „наследната болка“ во неговото семејство. А, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg