Фит дедо на 63 години стои во „plank“ позиција цели 8 часа – колку можете вие? (фото+видео)

Џорџ Худ од Аурора, Илиноис е поранешен воен маринец, кому возраста (63) воопшто не му е пречка да остане фит и да се обидува да руши рекорди.

Fit-dedo-na-63-godini-nad-8-chasa-stoi-vo-pozicija-za-sklekovi-a-pravi-1775-sklekovi-vo-eden-chas-01.jpg

Џорџ на 15-ти февруари минатата година го сруши Гинисовиот рекорд за држење во позиција за склекови - plank. Тој во таа позиција стоеше над осум часа.

„Сè ме боли. Телото треба да заздрави и одвнатре и однадвор“ – рече тој неколку дена по соборувањето на рекордот.

Fit-dedo-na-63-godini-nad-8-chasa-stoi-vo-pozicija-za-sklekovi-a-pravi-1775-sklekovi-vo-eden-chas-02.jpg

Тој успеа да го сруши рекордот откако во таа позиција остана цели 8 часа, 15 минути и 15 секунди, што е за 14 минути повеќе од претходниот рекордер Мао Веигдонг (45) од Кина, кој во 2016-тата успеа да се задржи во истата позиција 8 часа и 1 минута.

Fit-dedo-na-63-godini-nad-8-chasa-stoi-vo-pozicija-za-sklekovi-a-pravi-1775-sklekovi-vo-eden-chas-03.jpg

Худ претходно работел како агент на Администрацијата за борба против дрога, а постојано вежбал откако завршил со програмата за Маринци во неговите 20-ти години од животот, но вели дека сега на возраст од 63 години чувствува дека е во најдобра форма.

Како што вели, за да стигне до рекордот му биле потребни цели 10 години упорно тренирање. Кога за првпат се обидел да стои во позиција за склекови успеал да се задржи околу 5 минути. Тој почнал да вежба цели 6 месеци и во 2011-тата година го поставил првиот Гинисов рекорд за стоење во позиција за склек во времетраење од 1 час, 20 минути и 25 секунди.

За да го собори рекордот во 2020-тата година, Худ кој е во пензија, но има некои клиенти за кои работи како тренер, вели дека вежбал по седум часа дневно во период од 18 месеци за да биде што е можно поиздржлив.

Во текот на оваа година, во март, Худ се обиде да сруши уште еден рекорд и да направи над 2.919 склекови во еден час. Сепак, тој не успеа да го сруши овој рекорд, но не е за потфрлање и фактот дека успеа да направи 1.775 склекови за еден час.

Погледнете неколку фотографии и видеа од Худ во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...

Најчитани неделава