Бизарен список со правила кои Талибанците ги практикувале кога последен пат владееле во Авганистан

Последните случувања во Авганистан длабоко го потресоа светот, а погледите се насочени најмногу кон хоророт и ужасите кои им се закануваат на жените и децата.

Bizaren-spisok-so-pravila-na-Talibancite-01.jpg

Согласно строгиот шеријатски закон, Талибанците составиле список со многу правила кои ги вовеле кога последен пат владееле со Авганистан. 

Прашањето е – дали овие правила имаат место во 21 век за кој и да било човек и која и да било територија? Проценете самите:

Забрането појавување на терасите и балконите од домот.

Задолжително боење на сите прозорци со цел никој да не ја види жената ниту пак таа да гледа некого.

Жените имаат целосна забрана за работа надвор од домот. Само неколку жени, по професија - докторки или медицински сестри, смееле да работат во некои болници во Кабул. Но, сите останати професии се резервирани за мажите.

Целосна забрана за движење и активности надвор од домот, освен доколку жената не е придружувана од близок машки роднина, како татко, брат или пак сопругот.

Забрана за лекување од страна на машки лекари.

Забрането учење и студирање во училиште, факултет или која и да било друга образовна институција.

Задолжително носење на бурки и долги превези што ги покриваат целосно од главата до петиците.

Жените кои не биле облечени согласно талибанските правила или немале соодветна придружба биле навредувани и казнувани, односно тепани и камшикувани.

Доколку нивните глуждови не биле покриени, жените се казнувале со тепање во јавност.

Жените обвинети за секс надвор од бракот биле јавно каменувани.

Забранета употреба на козметика. На жените кои имале лак на ноктите им биле отсечени прстите.

Забрането ракување и зборување со мажи, освен доколку станува збор за сопругот или близок роднина.

Забрането смеење на глас, гласно зборување и забрането носење на високи потпетици бидејќи мажот не треба да ги слуша женските чекори, ниту нејзиниот глас.

Не им било дозволено да се возат во такси, а особено не без соодветна облека.

Забрането гостување и појавување на радио, ТВ и на јавни собири од секаков тип, вклучувајќи и верски празници.

Забрането спортување и влез во спортска сала или фитнес-центар.

Забрането возење на велосипед и мотор, дури и со соодветна облека.

Забрането носење на светли бои бидејќи според Талибанците овие бои се сексуално привлечни за мажите.

Забрането перење на облека на река или кое било друго јавно место.

Сите институции и места кои го имале префиксот „жена/женски“ биле сменети. На пример, „женската градина“, била преименувана во „пролетна градина“.

Забрането шиење на женска облека како земање на мерки на жени кај кројачи.

Забрането користење на јавни тоалети.

Жените и мажите не смееле да патуваат во ист автобус.

Забрането носење на панталони, дури и под бурката.

Забрането фотографирање и снимањето на жените, како и забрана за печатење фотографии на жени во книги или весници.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
„Син ми тежи 14kg на 6 месеци – ме критикуваат дека му давам премногу храна, не го собира во количка... Кога жена го родила своето четврто бебе, тоа имало просечна тежина од околу 3,2 ...
„Ќе се венчам сама со себе по развод и неколку неуспешни врски – си купив и свршенички прстен“ „Кога им кажав на блиските, мислеа дека сум полудела, што беше очекувано. Но, шт...
Во љубов е со милионер една глава понизок од неа - Зошто врската на манекенката Викторија Силвстед ј... Актерката, модел, пејачка и поранешна Плејбој зајачица, Викторија Силвстед (51),...
Маж и жена се свршија на врвот на Емпаер Стејт Билдинг, па ги уапсија (фото+видео) Ангела и Иван се познати „зависници од адреналин“ кои редовно се искачуваат на о...

Најчитани неделава