Починат брат, кавги на меден месец: Факти за принцезата Дијана - светот не ја заборава и 24 години по смртта
- Детали
- среда, 01 септември 2021
На 31 август 1997 година принцезата Дијана загина во сообраќајна несреќа во Париз, на 36-годишна возраст. Годинава, нејзиното семејство и фановите ја обележаа 24-тата годишнина од трагичниот настан.
Како членовите на кралското семејство ја одбележаа годишнината од нејзината смрт?
Братот на Дијана, Чарлс Спенсер, сподели фотографија од домот во којшто пораснале со принцезата, на која се гледа знаме спуштено на пола копје.
Постариот син на Дијана, Вилијам, заедно со сопругата Кејт и нивните деца ја обележале годишнината приватно и засега немаат споделено ништо во чест на Дијана. Иста е ситуацијата и со другите членови на кралското семејство, вклучувајќи ги Хари и Меган, како и кралицата.
Ограда на Кензингтонска палата, пак, е украсена со фотографии од Дијана и цвеќе положено од нејзините фанови.
Овде се наоѓа и статуата на Дијана која беше поставена неодамна. Статуата е отворена за посетители од среда до недела, но поради годишнината од смртта, фановите имале можност да ја видат и во вторникот, односно на 31 август.
Дијана остана запомнета како „принцеза на луѓето“ поради бројните хуманитарни подвизи. Таа им стана миленичка на луѓето и кога реши да му се спротивстави на кралското семејство по бурниот развод со Чарлс, но и поради посветеноста на нејзините деца.
Во продолжение животот на Дијана, низ неколку фотографии:
Дијана е родена на 1 јули 1961 година. Таа има две постари сестри и еден помлад брат. Дијана имала уште еден помал брат кој починал како бебе.
Кога имала седум години, нејзините родители се развеле – настан што Дијана речиси никогаш не го преболела. Набрзо потоа, и двајцата родители стапиле во брак со други луѓе.
Дијана не била најдобриот ученик, но покажала талент за други нешта, како свирење пијано и танцување.
Откако се преселила во Лондон, Дијана работела како дадилка.
Го запознала Чарлс во 1977 година, а до 1980-та парот почнал врска. Првпат се појавија во јавност во 1981 година, на бал во Лондон.
Се венчаа на 30 јули 1981 година, а преносот од свадбата го следеа над 750 милиони луѓе од целиот свет.
Според кралските експерти, проблемите во бракот им почнале уште за време на медениот месец во Балморал.
На 21 јуни 1982 година Чарлс и Дијана го добија првото дете – принцот Вилијам.
Дијана почна да ги менува правилата во кралското семејство кога го зеде и Вилијам на кралската турнеја во Австралија и Нов Зеланд. Дотогаш, членовите на кралското семејство секогаш оделе на патувања без нивните деца.
Историската фотографија од Дијана и Џон Траволта во Белата куќа е направена во 1985 година.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





