Фит Гркинка на Инстаграм порачува: „Да се има деца не е изговор да не се биде згоден“

„И вие може да изгледате како мене, јас не сум поинаква од вас. И јас тренирам напорно и се справувам со тешкотиите во животот како и вие. Разликата е што јас преземам акција, а треба и вие“, порачува 28-годишната Гркинка.

fit-grkinka-na-instagram-porachuva-da-se-ima-deca-ne-e-izgovor-da-ne-se-bide-zgoden-01.jpg

Ники Зумпули (28) по потекло е од Грција, но моментално живее на Мајами, Флорида. Оваа фит Гркинка е мајка на 2-годишно девојче и сега изгледа подобро од кога било.

Таа тренирала напорно, но во бременоста поради компликации морала да сопре. По породувањето вели дека се чувствувала „слабо“ и безенергично, но полека си ја вратила силата.

Вели дека ги разбира жените кога тврдат дека е навистина тешко да се биде мајка, но од друга страна не ги поддржува тоа да им биде изговор за да не изгледаат добро.

Ники открива дека вежбањето дома ѝ помага и да ја гледа ќерка ѝ, да не ангажира бебиситерка, но и да работи на својата форма едновремено.

„Јас си направив мини теретана во гаражата поради тоа што се занимавам со фитнес, но реално потребни ви се само тегчиња и еластична лента“, вели таа.

fit-grkinka-na-instagram-porachuva-da-se-ima-deca-ne-e-izgovor-da-ne-se-bide-zgoden-04.jpg

Потоа додава дека сака нејзината ќерка да стекне добри навики од неа, односно со вежбањето и балансираната храна да ѝ биде пример.

Ники се породила во мај 2019 година и за време на бременоста качила 13 килограми. Таа има 175.000 следбеници на Инстаграм на кои постојано им споделува совети.

fit-grkinka-na-instagram-porachuva-da-se-ima-deca-ne-e-izgovor-da-ne-se-bide-zgoden-02.jpg

„До сите дами кои се борат со изгледот на своето тело – престанете да пронаоѓате изговори, грижата за себе нека ви биде приоритет и почнете да се сакате на начинот на кој заслужувате да бидете сакани.

И вие може да изгледате како мене, јас не сум поинаква од вас. И јас тренирам напорно и се справувам со тешкотиите во животот како и вие. Разликата е што јас преземам акција, а треба и вие.“

Таа на својот Инстаграм профил постојано споделува фотки како се вратила во форма:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум експерт за интимни односи и сум спиела со повеќе од 400 клиенти - Како изгледа мојата работ... „Мојот прв клиент беше неверојатна личност која цел живот се чувствувала многу с...
„Јас сум горда спонзоруша, сакам богати мажи кои ќе се грижат за мене - и таков партнер си избрав“ „Ако тоа што сакам партнерот добро да се грижи за мене и да ме разгалува, ме ети...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
„Јас сум мајка на 4 деца и чувствував дека не треба да носам секси облека, но моето мислење се проме... „Јас некогаш чувствував дека како мајка на четири деца не треба да носам секси о...

Најчитани неделава