Каролин Харц (72) која не јаде шеќер 32 години изгледа двојно помладо од возраста и е најзгодната баба во светот (фото)

Каролин Харц од Перт, Австралија е автор на книгата „Sugar-Free Baking“ или „Печење без шеќер“. Таа има 72 години, но нејзиниот младешки изглед предизвикува многу прашања од типот – која е тајната за нејзиниот изглед?

Karolin-Harc-najzgodnata-baba-na-svetot-koja-ne-jade-shekjer-01.jpg

Каролин споделува дека го избегнува шеќерот дури 32 години.

Таа била страстен љубител на слатки, но пред 40 години ѝ бил дијагностициран дијабетес. Каролина била принудена да се откаже од рафинираниот шеќер и сите производи кои го содржат во составот.

На почетокот тоа претставувало тешка задача, но со текот на времето се покажало како правилна и делотворна, како на професионално, така и на приватно ниво.

Одбивајќи да се стави на доживотна терапија со лекови, таа тргна на пат за да побара алтернативи за шеќер.

Таа го открила Ксилитолот, засладувач кој не содржи шеќер, кога отишла во САД и на овој начин го заменила шеќерот, медот и сите други засладувачи со оваа супстанција.

Каролин воедно е мошне физички активна, редовно практикува јога и пилатес за да ја одржи својата фигура.

Ја основала компанијата Sweetlife Australia на 55-годишна возраст и редовно споделува рецепти, трикови и совети за здравје и живот без шеќер на својот Инста-профил.

Младоликата бринета честопати објавува слики во бикини и опрема за вежбање, а позитивните коментари не секогаш ѝ се наклонети, бидејќи многумина ја осудуваат за ваквата храброст поради нејзината возраст.

И покрај ова, Каролин очигледно не ја засегаат негативните мислења на другите.

Таа го живее својот најдобар живот, а фотките се одличен доказ за тоа.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
Сингапурецот кој изгледа како 20-годишен дечко наполни 60 години – кои се неговите тајни за младолик... Со години сите се прашуваат како е можно овој Сингапурец да изгледа како 20-годи...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
„На 15 години ме праќаа во хотели за топлес да ме сликаат мажи“ - Манекенка за темната страна на про... „Понекогаш среќавав убаво облечени мажи во нивните канцеларии, а понекогаша сред...

Најчитани неделава