Мајстор со хит потег – Го искршил тоалетот што го реновирал, бидејќи не добил пари за услугата (видео)

Мајстор од Колорадо решил да ја искрши бањата која само што ја реновирал, бидејќи жената што го најмила не сакала да му ја исплати целата сума што му ја должи. 

majstor-ja-iskrshil-banjata-shto-ja-renoviral-sopstvenichkata-ne-sakala-da-mu-plati-poradi-losha-izrabotka-video-01.jpg

Жената не била задоволна од сработеното и наводно само сакала да се преправат некои работи. Видеото од моментот е споделено и на социјалните мрежи, по што веднаш почна дебата за тоа дали мажот е во право или не.

Тери Грегори е мајстор од Колорадо кој неодамна заедно со колешка реновирал бања во домот на некоја жена. Жената му имала платено 3.330 долари и требало да му плати уште околу 4.000 откако ќе заврши со реновирањето.

Но, штом ѝ побарал пари, жената му рекла дека прво сака да види како изгледа бањата, па потоа ќе одлучи дали ќе му плати.

majstor-ja-iskrshil-banjata-shto-ja-renoviral-sopstvenichkata-ne-sakala-da-mu-plati-poradi-losha-izrabotka-video-10.JPG

Ова го разгневило Тери, па наводно ѝ дал 24 часа на жената да му ја плати потребната сума. Жената не платила, па следниот ден Тери се упатил кон нејзиниот дом со огромен чекан и почнал да ја крши бањата што ја реновирал.

majstor-ja-iskrshil-banjata-shto-ja-renoviral-sopstvenichkata-ne-sakala-da-mu-plati-poradi-losha-izrabotka-video-08.JPG

majstor-ja-iskrshil-banjata-shto-ja-renoviral-sopstvenichkata-ne-sakala-da-mu-plati-poradi-losha-izrabotka-video-04.JPG

Настанот е снимен, најверојатно од соседот на жената кој се обидувал да го спречи, а на видеото се слуша Тери кој вели:

„Дали некој ќе ми плати? Слушајте да ви кажам, ниту еден мајстор од Колорадо нема да ви го среди ова откако ќе откријат дека го уништив бидејќи не сакате да ми платите. Ниту еден“.

?s=20

Потоа Тери вели дека сè што е во бањата е негово бидејќи е платено од него и неговата колешка.

По настанот, жената се огласила на Фејсбук, изјавувајќи дека не била задоволна од сработеното и сакала прво да му рече на Тери да досреди некои работи што не ѝ се допаѓаат, па потоа да му плати. Жената споделила и фотки од реновираната бања.

majstor-ja-iskrshil-banjata-shto-ja-renoviral-sopstvenichkata-ne-sakala-da-mu-plati-poradi-losha-izrabotka-video-09.JPG

majstor-ja-iskrshil-banjata-shto-ja-renoviral-sopstvenichkata-ne-sakala-da-mu-plati-poradi-losha-izrabotka-video-07.JPG

Жената споделила и дел од разговорите што ги водела со колешката на Тери, каде што се расправаат за тоа дали треба да им плати. Жената упорно тврди дека не треба да плаќа ако не е задоволна од резултатот, а по долгата расправија колешката на Тери, Џордан, само вели:

„Кај тебе сме да си ги собереме нашите материјали и целиот труд бидејќи ни разјасни дека нема да ни платиш. Ќе ги оставиме материјалите за коишто си плати ти“.

majstor-ja-iskrshil-banjata-shto-ja-renoviral-sopstvenichkata-ne-sakala-da-mu-plati-poradi-losha-izrabotka-video-03.JPG

Џордан ја споделила и нејзината верзија од приказната на Фејсбук:

„Денес една жена кај којашто работевме две недели одби да ни плати. Ја реновиравме целата бања, најдовме проблеми со цевките и ги средивме. Некои работи направивме и бесплатно.

Кога ни стана јасно дека одбива да плати, ги искорнавме нашите работи. Не ги ни собравме сите. Уште има материјали кои чинат илјадници долари за коишто плативме јас и Тери“.

majstor-ja-iskrshil-banjata-shto-ja-renoviral-sopstvenichkata-ne-sakala-da-mu-plati-poradi-losha-izrabotka-video-05.JPG

Настанот поттикна дебата онлајн, а се чини дека мислењето е поделено - некои целосно ја поддржуваат постапката на Тери:

„Искрено, добро за него. Дефинитивно требало да му платат“.

„Ако го натерале мажот да плати за сè што инсталирал во бањата, тогаш сето тоа е негово!“

„Јас сум мајстор и му ја чувствувам болката. Потполно е во право“.

Но, некои нагласуваат дека Тери завршил многу лоша работа и дека дефинитивно не заслужува да биде платен:

„Добро е што жената покажала фотки од она што го сработил мајсторот. Само од видеото, таа изглед како да е лоша“.

„Со такво лепење плочки, пробал да се преправа дека е професионалец. Со ова однесување би требало да ја изгуби дозволата за работа“.

„Воопшто не е во право. И јас сум мајстор, а ова што го сработил Тери е ужасно“.

Што мислите вие за целата ситуација?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
„Син ми тежи 14kg на 6 месеци – ме критикуваат дека му давам премногу храна, не го собира во количка... Кога жена го родила своето четврто бебе, тоа имало просечна тежина од околу 3,2 ...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...

Најчитани неделава