Браво! Стјуардеси во Украина, наместо здолништа и високи потпетици, ќе носат патики и панталони


Браво! Стјуардеси во Украина, наместо здолништа и високи потпетици, ќе носат патики и панталони

„Високите потпетици изгледаат убаво, не противречам на тоа, но стапалата страдаат и отекуваат до крајот на летот. Патиките се апсолутно кул“, вели стјуардеса во украинската авиокомпанија SkyUp.

bravo-stjuardesi-vo-ukraina-namesto-zdolnishta-i-visoki-potpetici-kje-nosat-patiki-i-pantaloni-01.jpg

Украинската авиокомпанија SkyUp најави дека стјуардесите кај нив нема да бидат присилени како униформа да носат тесни здолништа и високи потпетици, туку ќе можат да се одлучат за покомфорна опција, односно костими со панталони во комбинација со патики на нозете.

Исто така и горниот дел од костимот е заменет, односно сега палтото не е струкирано, туку има поинаков крој и е пошироко.

Одлуката во компанијата ја донеле откако спровеле истражување кај своите вработени од женски пол и тие признале дека не се чувствуваат најдобро во тесната униформа која го оцртува нивното тело.

Александрина Денишенко, која веќе 7 години работи како стјуардеса, вели дека секогаш сонува за минута одмор по часовите минати на високи потпетици за време на лет.

„Високите потпетици изгледаат убаво, не противречам на тоа, но стапалата страдаат и отекуваат до крајот на летот. Патиките се апсолутно кул“, вели таа.

„Исто така во случај на несакана ситуација кога авионот треба да слета на вода и да се изврши евакуација, високите потпетици може да ја оштетат гумената скала, а и не е комфорно да се плива во тесно здолнште“, додава таа.

Од компанијата отстранија и други, како што велат, конзервативни елементи во изгледот на стјуардесите, па сега се поопушени и во поглед на фризурите на стјуардесите.

Одговорните на компанијата велат дека и покрај тоа што се гледа „романтично“ на професијата стјуардеса, тоа е професија која бара физички напор и потребно е на стјуардесите да им е комфорно во текот на работното време.

Новата униформа официјално ќе почне да се носи од 22-ри октомври.

Старите униформи:

bravo-stjuardesi-vo-ukraina-namesto-zdolnishta-i-visoki-potpetici-kje-nosat-patiki-i-pantaloni-02_1.jpg

bravo-stjuardesi-vo-ukraina-namesto-zdolnishta-i-visoki-potpetici-kje-nosat-patiki-i-pantaloni-03_1.jpg

Новите униформи:

bravo-stjuardesi-vo-ukraina-namesto-zdolnishta-i-visoki-potpetici-kje-nosat-patiki-i-pantaloni-15.jpg

bravo-stjuardesi-vo-ukraina-namesto-zdolnishta-i-visoki-potpetici-kje-nosat-patiki-i-pantaloni-02.jpg

bravo-stjuardesi-vo-ukraina-namesto-zdolnishta-i-visoki-potpetici-kje-nosat-patiki-i-pantaloni-14.jpg

bravo-stjuardesi-vo-ukraina-namesto-zdolnishta-i-visoki-potpetici-kje-nosat-patiki-i-pantaloni-13.jpg

bravo-stjuardesi-vo-ukraina-namesto-zdolnishta-i-visoki-potpetici-kje-nosat-patiki-i-pantaloni-12.jpg

bravo-stjuardesi-vo-ukraina-namesto-zdolnishta-i-visoki-potpetici-kje-nosat-patiki-i-pantaloni-10.jpg

bravo-stjuardesi-vo-ukraina-namesto-zdolnishta-i-visoki-potpetici-kje-nosat-patiki-i-pantaloni-09.jpg

bravo-stjuardesi-vo-ukraina-namesto-zdolnishta-i-visoki-potpetici-kje-nosat-patiki-i-pantaloni-08.jpg

bravo-stjuardesi-vo-ukraina-namesto-zdolnishta-i-visoki-potpetici-kje-nosat-patiki-i-pantaloni-07.jpg

bravo-stjuardesi-vo-ukraina-namesto-zdolnishta-i-visoki-potpetici-kje-nosat-patiki-i-pantaloni-06.jpg

bravo-stjuardesi-vo-ukraina-namesto-zdolnishta-i-visoki-potpetici-kje-nosat-patiki-i-pantaloni-05.jpg

bravo-stjuardesi-vo-ukraina-namesto-zdolnishta-i-visoki-potpetici-kje-nosat-patiki-i-pantaloni-04.jpg

bravo-stjuardesi-vo-ukraina-namesto-zdolnishta-i-visoki-potpetici-kje-nosat-patiki-i-pantaloni-03.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Носат јакни на +20°C, и средната класа има куќни помошнички: 11 факти за животот во Бразил Фавелите се ужасно место за живот, а недалеку од него имате невиден луксуз. Жена...
Баровите во Италија почнаа да користат тестенини наместо пластични цевки Италијанците преземаа одлична иницијатива со тоа што хартиените и пластичните це...
Првата дама на Франција во патики и фармерки - Брижит Макрон (68) повторно направи моден погодок Таа е 24 години постара од својот сопруг, претседателот на Франција Емануел Макр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg