Јапонската принцеза Мако се откажа од титулата и богатството за да се омажи – со какви скандали се соочува парот?

Принцезата Мако од Јапонија се омажи со нејзиниот партнер околу четири години по свршувачката – Јапонците остро ги критикуваат, велат дека тој е со неа заради пари, па дури и ги споредуваат со Хари и Меган и нивното „бегство“ од палатата. Поради сето ова, менталното здравје на принцезата било влошено, а парот е присилен да живее во Њујорк, а не во Јапонија.

gi-narekuvaat-japonskite-megan-i-hari-skandali-so-pari-princezata-mako-od-japonija-se-vencha-i-se-otkazha-od-titulata-01.jpg

Јапонската принцеза Мако се омажи со нејзиниот вереник Кеи Комуро, со тоа откажувајќи се од нејзината титула. 29-годишната принцеза и 30-годишниот сопруг се верија во 2017 година, а по венчавката ќе живеат во Њујорк.

Бракот бил склучен со приватна церемонија, па во јавноста не се достапни никакви фотографии, но Мако и Комуро беа фотографирани некој ден пред венчавката додека одеа на средба со кралското семејство, по што Комуро беше критикуван за фризурата. 

Врската на Мако и Комуро е исполнета со контроверзии и поголемиот дел од Јапонците не се најсреќни за избраникот на принцезата, па дури и се убедени дека тој е со неа само поради пари.

gi-narekuvaat-japonskite-megan-i-hari-skandali-so-pari-princezata-mako-od-japonija-se-vencha-i-se-otkazha-od-titulata-03.jpg

Мако и Комуро се запознале на факултет, а кога ја започнале врската, семејството на принцезата не било воопшто среќно.

Имено, членовите на јапонското кралско семејство ги запознаваат потенцијалните партнери преку заедничките пријатели кои обично се моќни луѓе. Комуро, за разлика од нив, е „обичен“ човек кој воопшто не ги исполнува овие услови.

Од страна на јавноста немаше големи реакции за нивната врска, сè до 2017-та кога принцезата соопшти дека се вериле и дека таа ќе се откажува од нејзината титула.

gi-narekuvaat-japonskite-megan-i-hari-skandali-so-pari-princezata-mako-od-japonija-se-vencha-i-se-otkazha-od-titulata-06.jpg

Само неколку месеци подоцна, во јапонските медиуми се појави скандал поврзан со мајката на Комуро и нејзиниот поранешен вереник.

Наводно, по смртта на нејзиниот прв сопруг, мајката на Комуро позајмила околу 35.000 долари од поранешниот вереник, но не му ги вратила.

Ова претставува проблем за јапонската јавност бидејќи тие очекуваат кралското семејство и нивните избраници да не се заглавени во долгови и да бидат чесни луѓе.

Односно, за нив е недозволено да имаат проблеми со пари или политика и треба да имаат „беспрекорен морал“.

Бидејќи Комуро и мајка му се најдоа на мета на критики од јавноста и беа нарекувани нечесни, Комуро објави објаснување напишано на дури 24 страни, каде што нагласува дека мајка му ги добила парите како подарок, а не како заем.

gi-narekuvaat-japonskite-megan-i-hari-skandali-so-pari-princezata-mako-od-japonija-se-vencha-i-se-otkazha-od-titulata-09.jpg

Се очекуваше свадбата да се случи во 2018 година, но набрзо потоа беше одложена за 2020-та. Додека принцезата тврдеше дека одложувањето е поради подготовките кои им одземале повеќе време од планираното, јавноста беше убедена дека причината е долгот на семејството на нејзиниот партнер.

Во 2018 година се огласи и таткото на Мако, принцот Акишино, изјавувајќи дека бракот нема да се случи сè додека не се реши проблемот со долгот. Принцот сподели и дека принцезата речиси воопшто не зборува за целата ситуација.

gi-narekuvaat-japonskite-megan-i-hari-skandali-so-pari-princezata-mako-od-japonija-se-vencha-i-se-otkazha-od-titulata-07.jpg

Поради скандалите што ги предизвикува парот, медиумите во Јапонија почнаа да ги нарекуваат Мако и Комуро „јапонските Меган и Хари“.

Всушност, јапонската јавност чувствува толкава аверзија кон Комуро, што го критикуваат и за најбезначајните нешта.

На пример, претходно годинава Комуро, кој инаку живее во Њујорк, се врати во Јапонија, а јавноста веднаш го осуди бидејќи има долга коса и опавче. Според нив, ова било тотално непочитување.

gi-narekuvaat-japonskite-megan-i-hari-skandali-so-pari-princezata-mako-od-japonija-se-vencha-i-se-otkazha-od-titulata-02.jpg

Пред венчавката, Комуро беше на посета кај семејството на Мако, а јапонските медиуми повторно ја критикуваа неговата фризура, но и фактот што задоцнил на средбата.

gi-narekuvaat-japonskite-megan-i-hari-skandali-so-pari-princezata-mako-od-japonija-se-vencha-i-se-otkazha-od-titulata-08.jpg

Наводно, токму поради омразата на јапонската јавност кон Комуро, парот одлучил да живее во Њујорк. Бидејќи во Јапонија „немало место за Комуро“, Мако немала избор освен да се пресели во Њујорк со саканиот.

Но сепак, извори блиски до кралското семејство нагласуваат дека ова не значи дека Мако го заладила односот со домашните и дека тие ја поддржуваат нејзината одлука.

gi-narekuvaat-japonskite-megan-i-hari-skandali-so-pari-princezata-mako-od-japonija-se-vencha-i-se-otkazha-od-titulata-05.jpg

Поради целата ситуација, извори блиски до кралското семејство тврдат дека сега Мако има проблеми со менталното здравје и стравува дека јавноста сака да ѝ го уништи животот.

Сакајќи да покаже дека се откажува од буквално сè поврзано со кралскиот живот, Мако ја одби исплатата од околу 1 милион долари што им следува на сите жени од јапонското кралско семејство кои ќе се омажат и ќе го напуштат семејството.

gi-narekuvaat-japonskite-megan-i-hari-skandali-so-pari-princezata-mako-od-japonija-se-vencha-i-se-otkazha-od-titulata-04.jpg

Дел од јапонската јавност смета дека луѓето нема зошто да ѝ замеруваат на Мако, најмногу бидејќи таа никогаш нема да седне на престолот – во Јапонија само машките деца се престолонаследници – и со оглед на тоа што се откажува од титулата, нема никакво влијание во Јапонија.

Тие се восхитуваат и на нејзината одлука да не ги земе парите од семејството што ѝ следуваат.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Баба му на Чарлс двапати го победила ракот и живеела до 101 година – Дали болеста е „проклетството“ ... Баба му имала две операции заради рак, а двајца дедовци биле „покосени“ од болес...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Татко од Канада се жали: „Ги однесов децата во Дизниленд - потрошив цело богатство за да не чекам по... „Не одете во Дизниленд. Се срамам од тоа колку пари потрошив за еден ден со семе...
Доказ дека доброто со добро се враќа: Бездомник спаси бебе од сигурна смрт, истиот ден го вработија ... „Не сакам да собирате средства за мене, сакам сам да си ги заработам парите“ – п...
Мајка си го „киднапирала“ бебето за да докаже дека таткото е неодговорен - Го подели мислењето на ја... „Зедов слободен ден од работа, излегов од дома како вообичаено, почекав половина...
„Ангелот на смртта“ - Жена од САД отворила клиника за гладни деца во Уганда, ги лекувала без лиценца... Тврдејќи дека била испратена на мисија од Бог, Американката Рене отворила клиник...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg