„Бев во диско во Швајцарија каде се возат ролшуи - како си поминав?“

„Ако некој ве поттурне, паѓате вие и 5 луѓе зад вас. Јас паднав 2 пати и вториот пат беше „кобен“ со оглед на тоа што паднав директно на десниот лакт...“, раскажува Јована Квржиќ, но ѝ вели дека имала најубав диско помин.

bevv-vo-disko-vo-shvajcarija-kade-se-vozat-rolshuli-kako-si-pominav-01.jpg

Кога ќе се спомене добар ноќен живот, сигурно Швајцарија не е првата земја што ви паѓа на ум.

Но, и српската блогерка за патувања Јована Кврижиќ мислела така, сè додека не посетила едно диско во оваа земја каде сите посетители биле на ролшуи на подиумот.

Вели дека таа ноќ се забавувала како никогаш претходно, но имала и незгода.

bevv-vo-disko-vo-shvajcarija-kade-se-vozat-rolshuli-kako-si-pominav-07.jpg

Искуството на Јована:

„Еден од најдобрите поминувања во животот ги имав во земја која претходно не ја поврзував нешто претерано со добар ноќен живот. И земја во која секојпат кога ќе се вратам откривам нешто ново и добро.

Најдобриот дел од последното патување во Швајцарија ми беше диско ноќта на ролшуи која се одржа во клубот X-TRA во Цирих.

bevv-vo-disko-vo-shvajcarija-kade-se-vozat-rolshuli-kako-si-pominav-02.jpg

Во цената за влез во клубот беше вклучено и изнајмувањето на ролшуите. Забавите се тематски, а оваа беше „неонска“ забава.

Е сега, не е сè во животот забава, па така спомен од овој предобар помин ми е скршениот лакт. Едноставно не е возможно барем еднаш да не паднете, затоа што подот е многу лизгав, а за мене ролшуите се многу понестабилни за возење од ролерките.

bevv-vo-disko-vo-shvajcarija-kade-se-vozat-rolshuli-kako-si-pominav-04.jpg

Ако некој ве поттурне, паѓате вие и 5 луѓе зад вас. Јас паднав 2 пати и вториот пат беше „кобен“ со оглед на тоа што паднав директно на десниот лакт.

Кога следниот ден појдов во итна помош и кога ме прашаа како сум паднала, само се насмеаја и ми рекоа дека не им е воопшто чудно. Кој знае колку луѓе им доаѓаат со скршеници или какви било повреди по диско со ролшуи.

bevv-vo-disko-vo-shvajcarija-kade-se-vozat-rolshuli-kako-si-pominav-03.jpg

Најсмешниот дел беше моето објаснување за осигурителната куќа и на нашите доктори кога стигнав во Србија, кога морав да им кажам како настанала повредата и кога на никој ништо не му беше јасно.

bevv-vo-disko-vo-shvajcarija-kade-se-vozat-rolshuli-kako-si-pominav-06.jpg

И без разлика на ова што ми се случи на мене, секому го препорачувам ова несекојдневно искуство, само се надевам дека ќе бидете поспретни од мене – личност од речиси 2 метри со две леви нозе.“

bevv-vo-disko-vo-shvajcarija-kade-se-vozat-rolshuli-kako-si-pominav-05.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Потресни сведоштва од пожарот во дискотека во Швајцарија: „Гледав како горат луѓе, влегов внатре за ... „За неколку секунди, целиот таван беше во пламени. Се беше направено од дрво и п...
„Бев на 8 патувања во една година, сама без сопругот и децата“ „Не ми треба дозвола од сопругот за да резервирам соло патување, бидејќи знае де...
Страшен пожар во бар во ски центар во Швајцарија со најмалку 40 загинати и повеќе од 100 повредени -... Страшна несреќа ја погоди Швајцарија на 1-ви јануари 2026 година. Околу 40 луѓе ...
СТАТИСТИКА: Жените се подобри возачи од мажите? Многу често во сообраќај мажите знаат да реагираат на возила кои се движат споро...
Бил во затвор за проституција и киднапирање: Кој е сопственикот на локалот во Швајцарија, во кој изб... Според неколку француски медиуми, сопственикот на локалот во кој избувна пожар н...
„Бев маскиран во шеќерна трска на настапот на Бед Бани на Super Bowl - се пријавив на оглас на ТикТо... Шеќерните трски на настапот на Бед Бани на полувремето на Super Bowl се меѓу нај...

Најчитани неделава