Мајка на 5-годишна мисица: „Трошиме по 1.200 евра за избор за убавина, често сме критикувани“

Мајка од Англија се обиде да им одговори на луѓето што упатуваат негативни критики за тоа што таа ја носи нејзината 5-годишна ќерка на избори за Мис. Вели дека малата Лајла Роуз станала посамоуверена и ги подобрила оценките.

za-izborite-za-mis-na-kjerka-mi-5-troshime-po-1-200-evra-i-chesto-sme-kritikuvani-no-taa-stana-posamouverena-01.jpg

Петгодишната Лајла Роуз по трипати месечно учествува на избори за Мис со надеж дека ќе ја добие круната во повеќе категории: за најдобра насмевка, најубави очи или најдобра поза.

Девојчето од Англија почнало да го освојува светот на изборите за Мис пред седум месеци, но веќе има импресивна колекција од над 50 медали, ленти и круни.

Нејзината мајка Џејд Брогден (25), пак, вели дека по успесите на изборите за Мис, малата Лајла Роуз покажува подобри резултати во училиштето.

za-izborite-za-mis-na-kjerka-mi-5-troshime-po-1-200-evra-i-chesto-sme-kritikuvani-no-taa-stana-posamouverena-02.jpg

Таа признава дека често е мета на критики на интернет затоа што голем дел од луѓето сметаат дека со изборите за Мис малите девојчиња стануваат предмет на сексуализација.

Џејд застана цврсто во одбрана на нејзините ставови, па им одговори на критичарите:

„Нашите избори воопшто не се како изборите во САД, луѓето нè осудуваат без да знаат кои можности се отвораат. Лајла Роуз ги обожава изборите, таа сака да оди, јас не ја присилувам.

Изборите за Мис ѝ помогнаа да изгради самодоверба и имаат позитивно влијание во нејзиниот живот, особено во училиште“ – вели таа.

za-izborite-za-mis-na-kjerka-mi-5-troshime-po-1-200-evra-i-chesto-sme-kritikuvani-no-taa-stana-posamouverena-03.jpg

Според неа, сите оние што гледаат на изборите за Мис на сексуален начин имаат проблем самите со себе, затоа што на изборите девојчињата се облекуваат пристојно и не се во оскудна облека.

Сепак, признава дека на почетокот членовите на нејзиното семејство и пријателите биле мошне загрижени:

„Станува збор за натпревари со природна убавина и на девојчињата не им е дозволено да носат шминка, освен можеби малку сјај за усни и маскара, но нема лажен тен или вештачки трепки, нема вештачки нокти или надградби – не на нејзина возраст“ – вели таа.

za-izborite-za-mis-na-kjerka-mi-5-troshime-po-1-200-evra-i-chesto-sme-kritikuvani-no-taa-stana-posamouverena-05.jpg

За да победат децата треба да се покажат во различни категории како мода, вечерна облека и таленти.

„Таа има можност да се покаже на сцена. Таа треба да чекори и да одржи контакт со очите со судиите, мора да се смее и да чекори перфектно. Постојано вежбаме затоа што знам дека може тоа да го направи совршено и навистина сум горда на неа“ – вели таа.

za-izborite-za-mis-na-kjerka-mi-5-troshime-po-1-200-evra-i-chesto-sme-kritikuvani-no-taa-stana-posamouverena-06.jpg

Џејд призна дека таа и сопругот во целост се посветени на кариерата на малата Лајла Роуз.

Освен што постојано ја носи ќерката на избори за Мис, Џејд треба да се грижи за уште два сина на возраст од 3 години и 6 месеци, а дополнително има свој бизнис за фустани за мали принцези.

za-izborite-za-mis-na-kjerka-mi-5-troshime-po-1-200-evra-i-chesto-sme-kritikuvani-no-taa-stana-posamouverena-07.jpg

Како што вели, за еден избор на Мис семејството троши околу 1.200 евра. На почетокот купувале нови фустани за секој нов настан, но сега Лајла има околу 10-тина фустани што ги менува за различните настани.

za-izborite-za-mis-na-kjerka-mi-5-troshime-po-1-200-evra-i-chesto-sme-kritikuvani-no-taa-stana-posamouverena-08.jpg

Според Џејд, малата Лајла Роуз станала посамоуверена откако почнала да оди на изборите за Мис, а кога ќе порасне сака да биде Мис на светот или учителка.

za-izborite-za-mis-na-kjerka-mi-5-troshime-po-1-200-evra-i-chesto-sme-kritikuvani-no-taa-stana-posamouverena-09.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...

Најчитани неделава