Дете без кров над глава, загаден воздух, пожари - последици од климатските промени, низ трогателни фотографии
- Детали
- понеделник, 15 ноември 2021
Фотографиите кои се дел од натпреварот за најдобра еколошка фотографија одлично ги доловуваат сериозните проблеми кои произлегуваат од климатските промени за кои најголемиот виновник сме ние самите.
Заканата од климатските промени станува сè пореална и веќе почнуваме да ги чувствуваме негативните ефекти.
Природните катастрофи како урагани, пожари и поплави кои претходно се случуваа еднаш на 5-6 години, сега се случуваат секоја година, и тоа по неколкупати.
Веќе е јасно дека човекот е најодговорен за забрзувањето на климатските промени и иако лидерите ширум светот веќе пробуваат да ја намалат емисијата на штетни гасови, нè чека уште долг пат пред да ја нормализираме состојбата на планетата.
Бидејќи климатските промени се актуелна тема, годинава доста внимание привлече натпреварот за најдобра еколошка фотографија.
Со цел да се подигне свеста за заканата со којашто сме соочени, победниците на натпреварот беа претставени и на Конференцијата за климатски промени на Обединетите Нации која се одржа во Глазгов, Шкотска.
„Овој натпревар ја слави способноста на човештвото да преживува и измислува и прикажува фотографии кои нè тераат да размислуваме, кои го свртуваат вниманието кон нашето влијание и нè инспирираат да живееме поодржливо“, велат организаторите на натпреварот.
Првото место му припадна на шпанскиот фотограф Антонио Арго Ренунсио за фотографија на која се гледа детенце кое спие во куќа на плажа. Куќата е срушена од поплави предизвикани од зголемувањето на нивото на водата во морињата и океаните.
„Нивото на морето во западноафриканските држави продолжува да расте и илјадници луѓе беа присилени да ги напуштат нивните домови“, гласи описот на фотографот.
Сите останати фотографии се исто трогателни и навистина ќе ве натераат сериозно да размислите за овој глобален проблем и нашиот удел во него.
Сите фотографии можете да ги погледнете ТУКА, а во продолжение дел од најдобрите:
„Момче дише воздух од растение, додека зад него се подготвува песочна бура. Ова е претставување на промените коишто следат“. (Кенија)
„Стадо овци бараат вода на исушената почва. Екстремните суши во Бангладеш им го отежнаа животот на сите живи суштества“.
„Фока бебе со рибарска кука во устата ги следи нуркачите и изгледа како да бара помош“. (Мексико)
„Момче се бори со огнот во шума во близина на неговиот дом во Њу Делхи, Индија. Според локалните жители, шумските пожари во областа предизвикани од човечки фактор се многу честа појава поради неповолните услови за живот“.
„Куќа под вода како резултат на поплава од реката Панаро во Италија поради обилните врнежи и топењето на снегот“.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





