Беше верена за 47 години повозрасен милионер, не може без пластични операции – која е Џена Бентли?
- Детали
- сабота, 27 ноември 2021
Џена Бентли е Плејбој зајачица која „врвот на својата слава“ го достигна заради врската со 47 години повозрасниот милијардер Бен Браун. Денес е речиси непрепознатлива поради големиот број пластични операции што ги направила.
Првата пластична операција ја направила на возраст од само 18 години, а на 21 година беше верена за богатиот милијардер Бен Браун, кој тогаш имаше 68 години.
Во 2010-та година, нивните заеднички фотографии на плажа станаа вирални, а луѓето имаа поделени мислења, најмногу критики, за врската помеѓу Плејбој зајачицата и нејзиниот 47 години повозрасен свршеник.
Двојката не стапи во брак и се разделија, а Џена продолжи со сопствената кариера како модел, и се појавуваше во списанијата Playboy и Maxim.
Џена Бентли (32) денес не крие дека е зависничка од пластични операции и дека досега потрошила околу 200.000 долари за подобрување на изгледот и околу 15.000 долари за некои ситни корекции.
Taa досега направила операција за зголемување на градите, липосукција, поткревање на задникот, направила фејслифтинг, мачкини очи, филери во образите и две операции на носот.
„Секој ден сум благодарна што не сум имала некои поголеми копликации. Најлошото нешто што ми се случи е кога по првата операција на носот ми пукна конец додека спиев.
Кога се разбудив имав чувство дека се задушувам, не можев да дишам. Но, тоа воопшто не е ништо во споредба со она низ што поминуваат некои луѓе“ – вели таа.
Џена Бентли пред пластичните операции
Џена вели дека нема намера наскоро да се откаже и да престане со операциите. Како што вели, операциите можеби не се пријатни, но ѝ помагаат да заработи повеќе пари:
„Според мене пластичните операции се одржување, редовен сервис. Јас на тој начин заработувам“ – вели таа.
Таа им одговори и на големиот број луѓе што ја осудуваат и што упатуваат лоши коментари за нејзиниот изглед:
„За секоја една личност што говори лошо за мојот изглед има 10 други што ја обожаваат пластиката. Сметам дека ако нешто не ви се допаѓа, не треба да гледате во него.
Не ве присилувам да ме гледате, па затоа гледајте си ја својата работа. Ќе продолжам да правам операции сè додека не се почувствувам задоволна, можеби тоа никогаш нема да го постигнам, којзнае!“ – вели таа.
Инаку, Џена неколку години живеела во Плејбој палатата на Хју Хефнер, а неодамна јавно проговори за „легендарните“ забави што таму се правеле за Halloween со секс оргии во кои учествувале голем број познати и славни личности.
Погледнете повеќе нејзини фотографии во продолжение:
https://www.instagram.com/tv/CWL3KgOF9vb/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/tv/CWW1WEsFu-L/?utm_source=ig_web_copy_link
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





