Разгален сопруг цел месец не сака да се грижи за детето и да плаќа сметки бидејќи му е роденден

Жена од САД ги сподели барањата на нејзиниот сопруг по повод неговиот 30-ти роденден, а сигурно веднаш ќе помислите дека станува збор за разгалена личност – во период од еден месец што го нарекува негов „роденденски месец“, тој не сака да се грижи за детето и домот и не сака да плаќа сметки, а сопругата треба да го сноси целиот товар.

razgalen-soprug-cel-mesec-ne-saka-da-se-grizhi-za-deteto-i-da-plakja-smetki-bidejkji-mu-e-rodenden-01.jpg

Сосема нормално е да бидете радосни за вашиот роденден и да се надевате на посебен третман од саканите на овој ваш ден. Но, тоа не значи дека само затоа што ви е роденден, можете да правите што и да посакате без да ги земете предвид луѓето околу вас.

Сепак, ова изгледа не важи за 29-годишен маж кој побарал посебен третман од неговата сопруга не само за роденденот, туку за целиот месец кој самиот си го нарекол „роденденски месец“.

Девојка од САД ја сподели својата фрустрација за барањата на нејзиниот сопруг по повод неговиот 30-ти роденден.

Наводно, сопругот составил цела листа со желби за неговиот „роденденски месец“, а скоро сите барања се практично нереални.

Сопругот не само што сакал посебен третман од сопругата, туку нагласил и дека тој месец нема да дава пари за кирија и сметки.

„Сопругот полни 30 години следниот месец. Очигледно, ова му е многу важно и сака да биде ’разгален‘ и да се чувствува посебно.

Проблемот е што направи листа која ја нарече ’очекувања за роденденскиот месец‘ и не знаев за што станува збор сè додека не почна да ми ја чита листата која содржи работи што тој ги очекува во текот на целиот месец“.

Во продолжение листата на сопругот:

  • Нема да завршувам никакви обврски низ домот, ниту да чистам или готвам цел месец.
  • Можам да играм Xbox со часови без да ме прекинуваш или да ме прекоруваш за тоа.
  • Нема да плаќам кирија овој месец.
  • Можам да излегувам со пријателите кога и да посакам.
  • Можам да го прескокнам кој било работен ден и да спијам до доцна без да ме будиш за да го однесам синот на училиште или да правам што било итно.

razgalen-soprug-cel-mesec-ne-saka-da-se-grizhi-za-deteto-i-da-plakja-smetki-bidejkji-mu-e-rodenden-02.jpg

Нормално, жената е гневна и разочарана бидејќи нејзиниот сопруг бара работи што е невозможно да ги добие.

„Со други зборови, тој сака 1-месечен одмор од неговите обврски како партнер и како татко. Го прашав дали е сериозен, а тој ми рече да не се грижам бидејќи ова ќе траело само еден месец.

Му реков дека е смешно и дека воопшто не се согласувам со ништо на листата и му реков дека очекувањата за неговиот роденденски месец се превисоки.

Сега треба да нагласам дека и двајцата работиме, но јас завршувам поголем дел од обврските дома и со детето. Исто така, јас плаќам поголем дел од киријата и сметките и не можам да си го дозволам тоа што тој го очекува, особено бидејќи веќе имаме финансиски проблеми и сега ми е неопходна неговата помош.

Ми се налути и ми рече дека сум себична кон неговите желби и дека на мое место тој би се согласил да го направи мојот ’роденденски месец‘ најсреќниот месец од годината за мене“.

Загрижена дека навистина се однесува себично, жената ја споделила приказната на Редит, но форумџиите застанале на нејзина страна.

„Ако јас ѝ направев нешто вакво на сопругата, ќе можев да очекувам документи за развод како роденденски подарок“.

„Како возрасна личност, не може да имаш ’роденденски месец‘ или да ги игнорираш своите обврски цел месец. Неговите барања немаат допир со реалноста“.

„Не е сериозен, нели??? Или во брак си со 3-годишно дете?“

„Дали рече дека полни 30 или 13 години? Кажи му на сопругот да порасне, да биде одговорен и да биде благодарен за тортата што ќе ја добие за роденденот“.

Што мислите вие за роденденските желби на овој маж?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...
Вториот сопруг ѝ загина, фати двајца сопрузи во неверство - Бурниот љубовен живот на Каролина од Мон... Првпат се омажи на 21 година со познат плејбој, а родителите се противеа на тој ...
„Син ми тежи 14kg на 6 месеци – ме критикуваат дека му давам премногу храна, не го собира во количка... Кога жена го родила своето четврто бебе, тоа имало просечна тежина од околу 3,2 ...
Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
„Луѓе ми плаќаат 5.000€ да се појавам на нивниот погреб за да откријам мрачни тајни или да пренесам ... „Во името на една старица пред ужалените кажав дека таа не му е мајка на нејзини...
11 луѓе со кои не сакаме да делиме ист воздух (а ги има многу и во Македонија) Дали сте биле сведок на сцена во Скопје каде тркалото од велосипедот останало за...

Најчитани неделава