Мајка на 9-годишна блогерка од Украина е мета на критики - ја поддржала да има дечко на 8 години (фото)

Малата Мила Маханец поттикна бура од реакции кога на 8 години објави дека е во врска со 13-годишно момче. Нејзината мајка Дариа ја поддржа оваа врска и тоа предизвика лавина од негативни реакции низ целиот свет.

majka-na-9-godishna-blogerka-od-ukraina-e-meta-na-kritiki-ja-poddrzhala-da-ima-dechko-na-8-godini-foto-01.jpg

Мила Маханец е родена во септември 2012 година во Украина. Таа сега има 9 години и повеќе од 557.000 следбеници на својот Инстаграм профил. Работи како блогерка и модел.

Во светот поттикна бура од реакции кога на 8 години објави дека е во врска со 13-годишно момче исто така блогер – Паша Пал. Нејзината мајка Дариа ја поддржа оваа врска и тоа предизвика лавина од негативни реакции и отвори многу јавни дискусии за децата во шоу бизнисот.

Во тој период Мила и Паша ја најавија врската дури и со фотографија со бакнеж, па дури и фотографии во кревет.

По скандалозниот потег и осудата од јавноста фотографиите од „парот“ беа избришани и коментарите тргнати. Во процедурата беше вклучена дури и сајбер полицијата за да испита за што станува збор. Имаше тужба против родителите и беа приведени на испитување.

Родителите на Мила се разведени од 2019 година, а Мила почнала со снимање на видеа од 2018 година и брзо остварила низа соработки и стекнала голема слава.

Уште како мала сонувала да ги освои светските модни писти и затоа мајка ѝ почнала да ја носи по кастинзи. Одела и на курсеви по глума и јавно говорење.

Сега снима рекламни кампањи за многу модни брендови и соработува со разни дизајнери.

Сепак, нејзината мајка често е мета на критики поради дозата „сексуалност“ на нејзините фотографии. Осудена е дека ја користи ќерка си за правење пари и дека им сервира содржина од неа на педофилите.

Но, според Дариа, нејзината ќерка е на вистинскиот пат и ќе ја продолжи својата кариера на модел и блогер.

Фотографии од Мила:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вознемирувачки сцени: 12 фото-докази од Скопје и светот, во какво лудо време живееме Светот како пред очи да ни оди во неповрат, а ние навистина живееме во лудо врем...
„Станав полицаец откако очувот ја уби мајка ми – сега им помагам на жртви на семејно насилство“ „Беше чудно кога гледав како очувот го изнесува полиција бидејќи ја удрил мајка ...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...

Најчитани неделава